21 Мај, 2024
0.0248

Бесими: Ако не можеме да најдеме камата под 7 отсто, можно е да издадеме еврообврзница и на 500 милиони евра

Објавено во: Финансии 21 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии е подготвено и може веднаш да излезе на меѓународниот пазар со издавање на еврообврзницата, штом во Собранието заврши процедурата за избор на министер за правда, пишува во својоѕт дописд до медиумите министерот за финансии Фатмир Бесими. 

„Очекувам и следната аукција да биде успешна. Зад овој процес стои конзорциум на банки со кои 20 години земјата реализира успешно издавање на еврообврзници, а постои и интерес од инвеститорите што учествуваа на аукцијата на 9 февруари повторно да учествуваат“, рече првиот финансиер Бесими во гостување во 24 Анализа.

Повторената аукција, како што рече министерот, не повлекува финансиски трошок, бидејќи тоа е во рамки на договорот што го има земјата со конзорциумите банки, кои во овој процес не следат 20 години.

„Штом се избере министер за правда, ние сме подготвени следниот ден да настапиме на пазарот, зависно од оценките на банките кои ќе посочат кои се добри позиции. И следната трансакција ќе биде успешна. Инвеститорите покажуваат интерес повторно да се јават. Ние издаваме познат производ за нив, не доцниме со исплати и тоа и е познато на нив. Нема нови трошоци за повторената постапка, додека каматата ја одредува пазарот“, рече министерот Бесими.

Тој потенцира дека каматната стапка ќе го одреди и износот на кој ќе биде издадена Еврообврзницата. „Ние имавме плафон на 800 милиони евра и одлучивме да издадеме Еврообврзница од 600 милиони евра за да ги платиме обврските кон странство, односно еврообврзницата што доспева во јуни од 450 милиони и каматите околу 30 милиони за истата, како и други заеми што доспеваат кон странство. Идејата беше тоа што ќе го обезбедиме со Еврообврзница да платиме она што е обврска кон странство. Доколку каматата е над 7 проценти и повеќе, може да се разгледа опцијата да се издаде Еврообврзница само на 500 милиони евра, па во текот на годината да се видат повторно условите, односно доколку се олабават каматите, затоа што се очекува во втората половина од годината инфлацијата да се намали и растот да се зголеми, но имаме многу непознати и никој не знае што ќе се случи во Украина“, истакна министерот Бесими.

Појаснувајќи ја постапката поради која ќе се повтори аукцијата за издавање на еврообврзница, рече дека тоа е поука и најави дека ќе се предложат законски измени со кои нема да се потпишува мислењето само од министер за правда, туку тоа да може да биде и друг член од Владата.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома