26 Мај, 2024
0.0297

Бочварски: Ако сакаме да го направме автопатот побрзо мора да го направиме со моделот на проектирање и градба

Објавено во: Македонија 30 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Коридорите 8 и 10 се од стратешко значење за државата. Секако дека кога станува збор за Коридорот 10, ние веќе го завршивме со доведување на ниво на автопат, а моментално работиме на неколку позиции на рехабилитација на таа делница. Ова го истакна министерто за транспорт и врси, Благој Бочварски во медиумско обраќање. 

- Што се однесува до Коридорот 8 имаме сериозни отстапувања од нивото на автопатската делница на западниот дел од државата каде што ние сме се обврзале како држава дека двата главни паневропски коридори ќе ги доведеме на ниво на поголема безбедност, на ниво на автопатски решенија, експерсни делници каде што ние ќе успееме да практично од кружен тек на Балканот државата да ја направиме крстосница. 

Јас сум убеден дека ќе покажеме дека со овој модел имаме подобар начин и реализација и прогрес на изградбата на овие автопатски делници, бидејќи пак ќе повторам, граѓаните за тоа нè избрале да ги реализираме проектите кои што се од национално и стратешко значење. 

Триесет и две години ние сè уште зборуваме дали треба да се изградат автопатиштата во државата или не - изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Министерот Бочварски, во интервјуто потенцира дека за овој модел на градба зборувале и со професори од Градежен факултет и констатираше дека моделот несомнено ќе даде подобар прогрес и подобар резултат во работењето.

- Како министер за транспорт за мене, за Владата е клучно ние брзо да ги реализираме и затвориме прашањата во делот на градба на пан европските коридори. А ако сакаме да го направме тоа час поскоро тоа мораме да го направиме со моделот на проектирање и градба, тоа значи дека компанијата која што ќе биде изведувач на терен да ја има обврската и да проектира и паралелно со тоа да гради - рече Бочварски, појаснувајќи дека согласно договорот, законот и програмата која што ја донела Владата, изведувачот по стартот на реализација на договорот започнува со сите постапки на проектирање, а откако ќе заврши проектирањето на експропријација на одредени делници, ќе започне испитување на теренот бидејќи тие се клучни испитувања за да потоа кога ќе се проектира се испроектира правилно и да нема проблеми при градењето.

Тој се осврна и на Законот за изградбата на коридорите 8 и 10-д.

- Законот е јавно објавен веќе две години и добро е секој кој има пристап до интернет да може да го отвори, да го разгледа и да го прочита законот кој што е донесен во Собранието и има програма за финансирање на патната инфраструктура за проектот Коридор 8 и 10Д која што ја има донесено Владата, исто така, објавена во Службен весник - истакна министерот Бочварски, додавајќи дека компанијата Бехтел согласно законот има обврска да ангажира најмалку 51 процент од домашни ресурси.

- Ова е проект кој што треба да остави белег и трага за граѓаните, за државата. Ова е проект не за Владата, не на една или две или три политички партии и коалиции, ова е проект на сите граѓани. 

Ова е проект кој што треба да биде поддржан од сите бидејќи еве и опозицијата повторува дека тоа е проект кој што и тие го имаат предвидено и тие даваат поддршка за реализација на инфраструктурните проекти во државата. 

И токму поради тоа треба да се концентрираме на работа на терен, реализација на проектот и јас сум убеден дека тоа граѓаните ќе го препознаат како квалитетен и добар проект - потенцираше Бочварски.

Можеби ќе ве интересира

ЈОВАНА МОЈСОСКА: Условно кажано, еден пратеник на Левица вреди 11.000, а на ДУИ 7.200 гласа, така нѐ краде изборниот модел

ЈОВАНА МОЈСОСКА: Условно кажано, еден пратеник на Левица вреди 11.000, а на ДУИ 7.200 гласа, така нѐ краде изборниот модел

„НАШИОТ БОРЕЦ БОШКО ВЕ ПОЗДРАВУВА СИТЕ, СÈ ПОБЛИСКУ СМЕ ДО ЦЕЛТА“ - д-р Лазаров со апел до хуманите граѓани

„НАШИОТ БОРЕЦ БОШКО ВЕ ПОЗДРАВУВА СИТЕ, СÈ ПОБЛИСКУ СМЕ ДО ЦЕЛТА“ - д-р Лазаров со апел до хуманите граѓани

Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ПРОВЕРУВА: Дали има кривично дело во случајот со затворените сали на Клинички

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ПРОВЕРУВА: Дали има кривично дело во случајот со затворените сали на Клинички

„ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ, ДУИ УЧЕСТВУВА СО САМО ОСУМ ПРАТЕНИЦИ“ - Џевдет Хајредини повторно жесток кон партијата

„ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ, ДУИ УЧЕСТВУВА СО САМО ОСУМ ПРАТЕНИЦИ“ - Џевдет Хајредини повторно жесток кон партијата

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес