24 Мај, 2024
0.0280

Богатите никогаш не ги кажуваат овие четири работи, немојте и вие!

Објавено во: Стил 02 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Ако човек има можност да помине некое време околу богатите и околу претставниците на средната класа, тоа би можело да му ги отвори очите за разликите во начинот на кој двете групи зборуваат.

Средната класа има склоност да е негативно настроена во однос на парите, а кога станува збор за правење на многу пари, повеќето луѓе мислат дека за нив тоа е невозможно. Кога човек разговара со богати луѓе кои имаат стекнато статус сами, искуството е многу различно. Тие сметаат дека сè е можно и имаат многу позитивна врска со парите, пишува Стив Сиболд, автор на книгата "Како мислат богатите". Има четири работи кои богатите никогаш не ги кажуваат и ако луѓето од средната класа исто престанат да ги велат, може да почнат да заработуваат повеќе пари.

[button color="gray" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/11/01/sam-steknal-bogatstvo-jas-sum-milioner-a-toa-se-10-te-soveti-koi-mozham-da-vi-gi-dadam/" target="blank" ]САМ СТЕКНАЛ БОГАТСТВО: „Јас сум милионер, а тоа се 10-те совети кои можам да ви ги дадам![/button]

1. Не можам да ја финансирам идејата.

Постојано сум разговарал со многу претприемачи и многу од нив сметаат дека имаат идеја за милијарди, која навистина може да менува животи. Премногу често, сепак овие големи идеи никогаш не се остваруваат, бидејќи човекот смета дека не располага со парите, за да финансира студија или развој на проектот. Платформите за групно финансирање дефинитивно помагаат до одреден степен, но кога богат човек има идеја, која знае дека не може да ја финансира, тој ги користи парите на други луѓе, за да ја оствари. Додека претставниците на средната класа велат: "Не можам да си го дозволам тоа," богатите знаат дека тоа што не си доволно платен за да си дозволиш лично нешто, едноставно не е важно. Вистинското прашање е "Дали вреди тоа нешто да се купи или да се работи на него?" Ако е така, богатите знаат дека парите се секогаш на располагање, бидејќи богаташите секогаш бараат можности за големи инвестиции, како и подобри изведувачи кои да ги направат овие инвестиции профитабилни.

2. Не заслужувам да сум богат.

Меѓу луѓето има едно широко распространето верување дека немаат право, ниту пак се доволно добри како човечки суштества да сакаат, да се надеваат или да се молат за просперитет, кој ги надминува нивните основни потреби. Кој сум јас, прашуваат тие, како да станам милионер? Кој сум јас, каде да живеам како крал? Богатите луѓе се прашуваат: "Зошто пак да не сум јас? Јас сум исто толку добар како и сите други и заслужувам да бидам богат. Ако им служам на другите, решавајќи проблеми, зошто да не бидам награден со богатство?" И како што веруваат во тоа, нивното однесување ги приближува кон остварување на нивните соништа.

3. Може да загубам сè.

Бидејќи масите дејствуваат со чувството на страв и недостаток, е сосема логично тие да одговараат конзервативно кон парите. Тие се плашат дека ако загубат пари, нема да можат да си ги вратат. Богатите луѓе, од друга страна, се богатат, така што ги користат парите за да привлечат повеќе пари без дополнителни напори. Тие ги земаат предвид ризиците кои ги крие оваа стратегија, знаејќи дека така добивката може да биде ненадејна и огромна, а може да има и загуби. Секој инвеститор губи пари, но богатите знаат дека без оглед на тоа што ќе се случи, тие секогаш ќе можат да добијат уште. Колку повеќе искусни стануваат, толку паметни стануваат и толку полесно станува за нив враќањето парите изгубени во трансакции со висок ризик.

4. Си ја мразам работата

Просечен човек си наоѓа работа или кариера која може да трпи и се придржува кон неа со години, додека во исто време сонува за повлекување. Повеќето луѓе одат насила на работа која не им се допаѓа, а во исто време се загрижени да не бидат отпуштени. Богатите знаат дека страста е вистинската тајна за богатење. Тоа е каузалноста меѓу напорите и страста, но додека повеќето луѓе гледаат на страста како на истрагата, великаните гледаат на неа како на причината. Со други зборови, просечниот човек оди секој ден на работа и се надева дека ќе ја најде страста во напорите. Богатите одат на работа секој ден, чувствувајќи ја страста кон она со што се занимаваат и нивната страст ги движи нивните напори. Првото верување, кое треба да го прифатите, е дека е можно да го правите она што ви се допаѓа и да се збогатите од него. Откако ќе го согледате ова верување, сè е можно. Кога станува збор за пари, размислувањето е поважноод самите пари. Размислувањето како богатите, само по себе, нема да те направи богат, но дефинитивно ќе значи дека сте на вистинскиот пат.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“