БРИТАНЕЦ САМ ГО ПОМИНАЛ АНТАРКТИКОТ: Oва е причината која го натера на ваков подвиг
Објавено во: Свет 29 Декември, 2018
Британецот Луј Рад сам го помина Антарктикот, и тоа се случува само по два дена откако ова му успеа на Американецот Колин О'Брајди.
Нему му требало 56 дена за да помине на скии 1.500 км.
Рад кој има 49 години на ова патување тргнал во чест на својот пријател Хенри Ворсли, кој во 2016 година починал од инфекција, на 50 км од целта на истиот пат.
За пријателот вели дека ќе влезат во книгите како двајца луѓе кои се зафатиле со истиот подвиг.