20 Мај, 2024
0.0300

Царовска: Работниците повторно ќе бидат достоинствени, ќе има живот

Објавено во: Македонија 01 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Работниците во Македонија ќе имаат повисоки плати и ќе бидат заштитени. Не дозволивме насилното сценарио во Парламентот да ги спречи демократските процеси и затоа одиме во реализација на промена која ќе донесе квалитетен живот во Македонија, изјави Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Пред само неколку денови, граѓани избрани од народот или пратеници во Парламентот, ќе беа убиени на нивните работни места. Ова го посочувам за да стане уште појасно зошто итно ни е потребна на сите новата реформска Влада. Во изминатите 10 години сме сведоци на работници кои беа повредени или загинаа на нивните работни места и никој не одговараше.

Тоа е резултат на неодговорниот државен систем што никого не штити, и затоа мора да се промени! Овој првомајски протест ми ја враќа надежта дека конечно граѓаните и работниците ќе застанат зад своите права. На 11 декември тие гласаа за промени, сега заедно одиме кон реализација на Програмата на новата реформска Влада.

Наш приоритет се работниците и работничките права и затоа ни се потребни силни и автономни работнички синдикати, а не привезоци на власта како досега. Нема да има повеќе експлоатација на работниците. Ќе донесеме нов закон за работнички права кој ќе биде во нивна заштита. Ќе има исплата на прекувремените часови, ќе има договарање на работничките права и во приватните компании.

Ќе има достојни и хумани услови за работа. Наш приоритет се задоволни работници, кои имаат стабилна егзистенција, кои се работат на развој на претпријатието во кое се вработени, затоа што само такви работници и претпријатија може да донесат и развоја на општеството. Сето ова е можно преку зголемување на државната помош за 100 пати на малите и средни претпријатија. Со тоа работодавците ќе исплаќаат повиски плати ќе отвораат нови работни места.

Ветивме дека во првите 4 месеци, зголемување на минимална плата на 12.000 денари. Овој месец ќе беше исплатена минимална плата од 12 000 денари и во текстилната и во кожарската индустрија, ако Груевски и неговата режимската власт не ги кочеа процесите. Но промените почнаа и затоа наскоро ќе имаме минимална плата од 12.000 денари Нашата цел е минимална плата од 16.000 денари до крајот на мандатот и 30.000 денари просечна плата во Македонија. Ова е реално и остварливо само преку квалитетни економски мерки за кои имаме реален план.

Одлучни сме да ја вратиме државата во рацете на граѓаните и тоа ќе го сториме. Нека ни е честит овогодинешниот 1 Мај и промените кои доаѓаат за работниците, изјави Царовска.


Можеби ќе ве интересира

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција