20 Април, 2024
0.0274

„Црни страници на УДБА“ - Илија Димовски на 16 години бил следен од службите за македонски екстремизам

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

На денешната промоција на збирката „Црните страници на УДБА“ пратеникот Илија Димовски посочи дека тој уште на 16 годишна возраст бил следен од агентите на УДБА бидејќи бил активен за национално осамостојување на Македонија. Тој бил предмет на следење на тајните служби и по распадот на Југославија. 

„ За мене овој настан има повеќе и емотивно значење од две причини. Прво, заради тоа што во овие книги иако нема многу досиеја кои што директно се однесуваат на граѓани од Велес, има многу имиња на граѓани од Велес кои што биле активни во поствоениот период во организации и групи на ВМРО кои што се бореле за самостојна, суверена и обединета Македонија, но за жал има многу имиња на наши сограѓани денес живи кои што во почетокот на деведесетите беа предвесници на плурализмот во нашиот град. Јас на 16 години сум бил детектиран по линија на македонски екстремизам. Апсурдот е голем што во самостојна и независна држава Македонија, не само јас туку и други граѓани на Велес и десетици други биле следени“ посочи Димовски.

„Црните страници на УДБА“ е дело на Филип Петровски кој е актуелен директор на Државниот архив на Македонија од каде и ги црпел изворите на податоците. Целта на истражувањето е да се покаже делувањето на тајната полиција во социјалистичкиот режим особено против припадници на македонската интелегенција која се залагала за поголема автономија или пак целосно осамостојување на Македонија од Југославија за што трпеле страшни последици.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите