Дали ДИК ги наруши своите принципи на работа?
Објавено во: Македонија 05 Декември, 2017 07:34
Американскиот амбасадор Џес Бејли ја стави во тесно целата Државна изборна комисија откако откри дека зад затворени врати самите си изласале бонус 4 просечни плати за сработеното по завршувањето на локалните избори, откако претходно исто така едногласно прифатиле бонуси за 5 просечни плати по декемвриските предвремени парламентарни избори. Бејли тврди дека за вработените во стручната служба на ДИК биле изгласани помали бонуси и е зачуден зошто постапката дури и да е легална се одвивала зад затворени врати и каде се институциите, новинарите и свиркачите да кажат или октријат нешто.
Ние се обидовме да дојдеме до финансиските извештаи од работењето на ДИК, но безуспешно бидејќи ниту еден таков документ не е поставен на веб страната од каде би се виделе износот на нивните плати, а јавноста се уште нема информации за висината на нивните патни трошоци. Тоа што може да се види во овој случај се принципите врз кои работа ДИК, а се јавно објавени на веб страницата sec.mk, а тоа се Законитотс, Транспарентност, Независност, непристрасност и одговорност.
Работата на ДИК е регулирана директно со Деловникот кој е јавно достапен како и со Изборниот законик со што може да се заклучи дека:
- Работата на Комисијата е јавна
- Комисијата може да одлучи да работи без присуство на јавноста под услови утврдени со Изборниот законик и Деловникот.
- Сите акти што ги донесува Комисијата се објавуваат на интернет страницата
- ДИК се финансира од Буџетот на РМ. Должни се да поднесат завршна сметка и друга финансиска документација.
- Комисијата има посебна буџетска сметка и самостојно располага со средствата
- Државната изборна комисија именува генерален секретар за време од пет години. Генералниот секретар својата работа ја врши професионално.
Според начелото на транспарентност ДИК треба Извештаите од работата да ги достави до Собранието на РМ (надлежните органи) и во најкус можен рок.
Според начелата на Независност, непристрасност и одговорност Членовите на ДИК и вработените треба да дејствуваат независно од било кој центар на моќ, одлучуваат непристрасно и согласно утврдените факти. ДИК треба да биде посветен на а зголемуваме ефективноста со што треба да ги намалува трошоците за својата работа.
По објавата на скандалозната одлука од ДИК посочија дека се подготвени да ги вратат доделените бонуси. Што мислите вие, дали ДИК ги наруши принципите кои сами ги имаат утврдено за нивната работа?
Автор: Христијан Станоевиќ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип





