07 Мај, 2024
0.0253

ДЕБАТА ГРУЕВСКИ-ЗАЕВ: Цели 18 години без дебата, дали политичарите се неспособни?

Лична волја за претставување пред гласачите или обврска за соочување – зошто граѓаните во земјава се лишени од ТВ дуел на лидерите на наjголемите политички партии, оние лидери кои сакаат со гласот на народот да седнат во премиерската фотеља.

Објавено во: Економија 04 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Аналитичарите велат дека отсуството на дебата е еден од показателите и за отсуство на демократски капацитет. Страв од соочување на аргументи, слабост пред фактите или омаловажување на електоратот – зошто политичките елити бегаат од меѓусебни тет-а-тет средби?

Нема демократија без дебата, без дебата нема демократија ...

“Ова што сега го гледам и слушам, кога политичарите сами за себа си кажуваат убави работи, набројуваат успеси, зборуваат дека е се најубаво, не личи на ништо. Јас иако знам за кого ќе гласам на изборите што сега ги најавуваат за во декември, сепак сакам да слушнам како на пример Груевски и Заев би зборувале на дебата, сакам да видам како двајцата ќе ги соочат мислењата“ - вели пензионираниот Благоја.К.

Граѓаните секојдневно се изложени на спорадични, парцијални и изолирани интрвјуа со политичарите, а дел од тој амбиент се и средбите со граѓаните кои треба да манифестираат близина со гласачот. Но, според познавачите овој модел на “самопромоција“ е нешто сосема различно од формата на вистинска дебата, соочување на различните политики, концепт, понуда и пристап преку аргументи, очи во очи, а не преку “валкана кампања“ изработена од партиски кујни, а не ретко спроведувана од дел од медиумите со која најчесто се оцрнува и омаловажува политичкиот опонент.

Цели 18 години граѓаните на Македонија се лишени од ТВ дуел во кој би учествувале лидерите на најмоќните и најбројните партии, на оние политичари кои се борат за фотељата во премиерскиот кабинет. Дуелите на политичарите кои практично значат мегдан за битка со аргументи, а не со оцрнување, е потврда за присуство на деморатски капацитет и на општеството и на тие што го водат, оценуваат експертите за односи со јавност.

“Во општества што се стремат кон функционална партиципативна демократија незамисливо е отсуството на дијалог како форма на ефективна комуникација со јавноста. Едноствано тоа е дел од политичката култура и секој обид да се наруши ги дисквалификува субјектите кои „бегаат“ од ваков вид комуникација и ги става во категоријата неревеантни, па дури и некултурни. На пример, незамисливо е во САД да не се одржи јавното соочување меѓу претседателските кандидати, без оглед на степенот на „нетпреливост“ меѓу нив. Едоставно и двајцата кандидати, како и нивните штабови и партии знаат дека откажувањето од дебата јавноста нема да им го прости и зтао не им паѓа на памет да не се појават на закажаните јавни соочувања, Напротив, тие ја користат секоја можност да покажат дека имааат аргументи со кои может да го „победат“ својот против кандикат на отворен дијалог. Во голем број случаи ваквите видови соочувања биле пресудни за формирањето на конечната одлука кај голем број избриачи во САД за тоа на кого да му го дадат својот глас“, вели за “Фактор“, Гоце Пачемски, специјалист за односи со јавност и додава:

“Во Македонија ситуацијата е дијаметрално спротивна. Наместо партиципитивна, ние „негуваме“ патријахално-поданичка политичка култура која не само што не го негува дијалогот, туку го смета за непотребен. Во нашето општетсво се поаѓа од тезата „што има јас да разговарам со него, кога тој не е достоен за мене“. Во ваков вид општества, комуникацијата на голем број субјекти, вклучително и на политичките актери се сведува на емитување на пораки кон масите кои не претсавуваат ништо друго освен политичко „ЕПП“. За жал, заради степенот на политича (не)култура на граѓаните, наместо да се казува оној што ја практикува овој вид на комуникација, се чини дека го наградува. И затоа она што е нормално во демократските општества, овде станува непосакувано.

Љубчо на Бранко, Бранко на Никола, Заев на Никола...

Последниот телевизиски дуел се случи во 1998 година, пред парламентарните избори, кога во студиото, еден спроти друг седнаа тогашните, лидерот на СДСМ Бранко Црвенкоски и лидерот на Вмро-Дпмне, Љубчо Гергиевски.

“Токму Вие господине Георгиевски го променивте сопственото име, од Љупчо во Љубчо, со “б“. Токму Вие господине Георгиевски го поставувате, односно го поставивте прашањето за македонските историчари, да ви дадат доказ со кој ќе покажат дека истакнатите дејци од илинденскиот период навистина се чуствувале македонци“ - рече во ТВ дуелот тогашниот претседател на СДСМ, Црвенковски.

Зборови не штедеше ниту Георгиевски.

“Дали луѓето кои треба да останат во континуитетот се луѓе на кои им е потребно да испијат по шише виски денвно и потоа да се трезнат со грам кокаин“ - рече меѓудругото, поранешниот лидер на Вмро-Дпмне, Георгиевски.

Од 1998 година, кога се случи предизборниот дуел, до сега се оддржаа 13 изборни циклуси, од кои четири локални, четири претседателски и шест циклуси на парламентарни избори.

Во 2014 година, во еден од своите настапи лидерот на опозициската СДСМ упати отворена порака до тогашниот премер и лидер на Вмро-Дпмне за телевизоско соочување.

“Нека бира дали сака на Сител, Канал 5 или МТВ да разговараме за проблемите и за конкретни проекти“ - рече шефот на опозицијата Заев.

Претходно, покана за телевизиско соочување до лидерот на Вмро Дпмне, и тогаше премиер упати и поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Од позиција на премиер и прв човек на владечката партија, Никола Грувески не прифати ниту една од овие понуди.

Но, во 2002 година, тогашниот премиер Љубчо Георгиевски му упати покана за дуле на во тој период, лидерот на опозицијата, Бранко Црвенковски. Понудата од страна на Црвенковски беше одбиена.

Сега, во најава и на 14 от круг на гласање на предвремени парламентарни избори, по телевизискиот дуле Црвенковски-Георгиевски, барем засега можно соочување на двјацата најекспонирани политичари Заев – Груевски, ниту се наслутува.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот