Девојка нападнала момче со стаклен предмет на забава во Карпош
Објавено во: Македонија 25 Декември, 2022
Министерството за внатрешни работи известува дека девојка синоќа во доцните вечерни часови нападнала момче со стаклен предмет за време на забава во Карпош.
„На 25.12.2022 во 04.00 часот А.Л.(22) од Скопје пријавил дека околу 02.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош бил нападнат со стаклен предмет од К.И. (женско лице)“, се вели во денешниот билтен на полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.