21 Декември, 2024
0.1890

ДОСИЕ АДМИНИСТРАЦИЈА Прибежиште за партиската армија невработени!

Објавено во: Економија 13 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Од денеска стапуват на сила двата закона за административни службеници. Новите законски решенија предвидуваат строги  критериуми за вработување во државната и јавната администрација. За вработување ќе се полагаат повеќе испити, потребно е совршено познавање на странски јазик, предвидено е оценување на вработените и други услови и критериуми. Според дел од експертите иако со новиот закон статусот на административните работници треба да се регулира по европски стандарди, сепак содржи бројни нелогичности и недоречености. -Има бројни нелогичности и недоречености  кои ќе отворат простор за манипулации при неговата примена во праксата, пред се насочени кон фаворизирање на административниот кадар чии припадници се блиски до власта или пак се членови на владеачките партии. Покрај тоа има и бројни неусогласености со одредбите на Уставот на Република Македонија, вели универзитетскиот професор Темелко Ристевски. Токму строгите кртериуми во делот на полагањето на испитите, но и тестирања за веќе вработените, треба да ја подобрат ефикасноста на администрацијата. Според експертите тоа е остварливо доколку законот во пракса  доследно се применува. -Сметам дека доколку законските одредби доследно се применуваат, може да се подобри ефикасноста на администрацијата, затоа што секој од административните службеници ќе се труди да не се најде на дното  или при дното на ранг листата на оценетите, поради што може да трпи последици  почнувајќи од знатни намалување на платата па до престанок на работниот однос. Се разбира дека секој ќе сака да биде на врвот на ранг листата затоа што тоа ќе му гарантира поголеми примања. Но општо земено, не може да се очекува некое големо подобрување на ефикасноста,затоа што администрацијата е претрупана со недоволно стручни административни службеници, вработувани според споилс системот. Тие, поради нивната нестручност или недоволна стручност, колку и да се трудат, не ќе можат да дадат некои значајни разултати во работењето. Човечките органзациони системи не можат да бидат подобри од луѓето што нив ги сочинуваат. Тоа е ноторен факт, обајснува професорот Ристевски. Според Владата новиот закон е по европски терк и ќе создаде ефикасна администрација Со новото законско решение се регулира и положбата и на оние што се вработени во админситрацијата, што досега не беше регулирано, има оценување, наградување и друго.Така во зависност од просекот од сите добиени оценки од еден до пет, административниот службеник може да биде оценет како “особено се истакнува” за што добива награда бонус една плата, или пак да биде оценет со “не задоволува” за што добива отказ. -Има многу елементи кои што важат не само за новите вработувања туку  и за веќе постоечката администрација. На пример за оние кои се вработени во јавната администрација има одредени предуслови така што им се дава рок од две години да положат  одредени нивоа на англиски јазик и други тестирања. Согласно новите прописи нема како досега три до четири испита , сега ќе се полагаат пет до шест испита,  тест за интегритет, психолошки тест, општо познавање, компјутери. Се работи за многу сериозен закон и треба голема политичка волја за да се применува. Сметам дека многу и од постоечката администрација нема да ќе ги исполнат условите за да го задржат работното место. Од друга страна пак, оние што ќе бидат примени согласно новите закони, се дава гаранција дека ќе имаме стручна и компетентна администрација, односно онака како што налага и Уставот и Законот за администрација, каде што се инсистира особено на стручност и компетентност, а не на политизација, објаснува универзитетскиот професор Борче Давитковски. Експертите укажуваат дека мора да се елиминира факторот на субјективност во оценувањето за да не се остава простор за манипулација, но и дека самата методологија за оценување има бројни недостатоци. -Со член 65, став 1 од Законот е пропишано дека не се оценуваат секретарите и кабинетсктие службеници. Сметам дека и тие треба да бидат подложни на оценување. Тие извршуваат најодговорни работи и, ако не се оценуваат, може да се случи да се однесуваат неодговорно во работењето што ќе се одрази на работењето на останатите вработени во органот на управата. Со став 3 од истиот член се пропишани  критериумите за оценување  на административните службеници и тоа квалитетот, ефективноста и ефикасноста на работењето, почитувањето на роковите и нивото на исполнување  на утврдените работни цели и задачи, нивото на вклученост и посветеност на работата, придонесот во реализацијата на стратешкиот план на институцијата,  реализацијата на индивидуалниот план за стручно усовршување и однесувањето на административниот службеник, а го зема предвид и извештајот од полугодишното интервју. Некои од овие критериуми не се прецизирани  и треба да се допрецизираат. На пример критериумот квалитет, не е прецизирано како  и врз основа на што ќе се цени. Во однос на став 4 од истиот член со кој е пропишано дека со оценка “5” може да бидат оценети најмногу 5% од вработените административни службеници во институцијата за што секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар ги координира оценувачите.  Во врска со ова се поставува прашањето зошто е ограничувањето на бројот на оценетите со оценка 5. Што ќе се случи ако повеќе службеници работат одлично, зошто и тие да не бидат оценети со највисока оценка.Има и други нејаснотии, вели професорот Ристевски. Владата спроведе нови 3.000 државни вработувања Пред само три дена по скартена постапка Собранието ги усвои за законските измени со кои се создадоа услови за новите три илијади државни вработувања. Вицепремиерот Владимир Пешевски изјави  дека станува збор за лица кои сега немаат трајно вработување а се ангажирани на друг начин од страна на државата. Со закон работниот ангажман во јавните претпријатија, државните институции и органи на 3.000 лица се трансформира во траен. Според претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски, на овој начин ќе се регулира работниот однос на овие луѓе. -Ова е децениски проблем и првпат се решава на ваков начин. Со оваа мерка ќе се регулира работниот однос на огромен број луѓе кои немаа решен статус и не беа внесени во системот на социјално и пензиско осигурување. Преку решавањето на новниот статус ќе дојде и од зголемување на јавната потрошувачка, изјави Митревски. Според експертите од хуман аспект добро е што се решава статусот на овие лица, предупредуваат дека во состојба кога точно и не се обелоденуваа бројот на вработени во државната и јавната админситрација, секое ново вработување ја отвора дилемата дали е тоа е поради реални потреби или како резултат на заслуга. Порачуваат дека постои друг начин за решавање на работниот однос на овие луѓе, а не и натаму да се зголемува ионака многубројната администрација. -Ова е поврзано со Законот за административни службеници и Законот за хонорарците. Нема сомнение дека од аспект на интересот на тие луѓе конечно да се вработат со статус  на вработен во постаојан работен однос, тоа е добро, затоа што ете најпосле ќе им се реши статусот,  па макар и да се партиски кадри или кадри блиски до партиите на власт. Но, од аспект на јавниот  - општествениот интерес  тоа не е добро. Ни е имаме огромна администрација. Секое ново вработување го оптоварува државниот буџет, ги оптоварува граѓаните од чии средства тој буџет се пополнува, па ги оптоварува и самите државни службеници,  прво затоа што и тие се граѓани и второ со секое ново вработување при исти прилив на средства во буџетот за потребите на админситрацијата, се намалува фондот за плати и другите парични примања на админситартивните службеници,како што се разни додатоци на плататта, патни  трошоци, трошоци за дневници,  надоместок за работа преку полното работно време, надоместок за ноќна работа, за дежурсва и слично. Слушам поплаки од повеќе админстративни службеници дека платите им се мали и дека овие додатоци и надоместоци  не им се исплаќаат или нередовно им се исплаќаат, објаснува професорот Ристевски. Лани се спроведоа масовни вработувања во администрацијата На само месец и половина пред стапување на сила на овитте законски решенија, владата распиша огласи за стротици вработувања во државните јасли. Се спроведуваа вработувања и на локално и нацентрално ниво. Најмногу работни позиции беа огласи за вработување во Владата.  Вратите за нови вработувања ги отворија речиси сите министерства,општини, јавни претпријатија, државни агенции.Дел од вработувањата беа и по рамковен договор.тогаш дел од експертите коментираат дека масовните вработувања се спроведуваат избрзано  токму поради новиот Закон за администрација. А огласите за вработувања продолжија и годинава. Според професорот Ристевски, масовните вработувања се со цел  да се „вдомат“ во редовите на админстрацијата што е можно повеќе кадри кои ќе и бидат верни на власта. -Што се однесува до бројните огласи за вработување кои власта ги спроведе во текот на минатата година и уште ги спроведува, пред да почне да се применува Законот, сметам дека  тоа е напревено со цел да се „вдомат“ во редовите на админстрацијата што е можно повеќе кадри кои ќе и бидат верни на власта, бидејќи поради рестриктивните одредби  во поглед на условите кои треба да ги исполнуваат за прием на работа според новиот закон, како што се административни селекции на вработувања според листата на домашни универзитети и ранг листите на странски универзитети, познавање на странски јазици, солидно познавање на информатичките техники и технологи и друго, по стапувањето во сила  на новиот закон, многу од нив не ќе можат да бидат примени на работа во администрацијата, се разбира доколку се почитуваат законските одредби, вели професорот Ристевски. На политизацијата на администрацијата потсети и Европската Комисија во последниот извештај за напредокот на Македонија. Брисел во извештајот наведува дека е добро што ќе почнат да се спроведуваат новите законски решенија кои треба да значат обезбедување на  унифицирана, транспарентна и одговорна јавна администрација, но укажа дека  и покрај реформите, сериозен проблем останува партизацијата на администрацијата.. -Новата законска рамка насочува вработување за мнозинските и малцинските заедници, со што повеќе акцент се дава на заслужените оценки. Земјата е ангажирана во широки реформи на јавната администрација. Сепак, политизација и на централно и на локално ниво останува сериозен проблем. Довербата во независноста на државните институции е ниска поради перцепциите дека јавната администрација е политизирана и нетранспарентена, се наведува во извештајот на ЕК. Издашноста на буџетот за исплата на плати за администрација во последниве неколку години постојано расте. Аналитичарите укажуваат дека голем од процент од буџетот оди за исплата на плати на државните и јавните службеници, пари кои се неповратни. Во 2011 година од буџетот за оваа ставка биле одвоени над 365 милиони евра, следната 2012 -та близу 380 милиони евра, лани за плати во администрацијата 362.161.560 евра, но лани сумата за исплата на плати повторно е зголемена и изнесува 372.762.373 евра. Оваа  година за исплата на плати за адмнистрација се планирани близу 400 милиони евра, што споредено со годинава е за 25 милиони евра повеќе. Вкупно за пет години за оваа буџетска ставка ќе се одвојат близу 1,9 милјарди евра. Ј.С

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците