Двајца од уапсените полицајци на Табановце се пуштени дома
Објавено во: Македонија 27 Декември, 2022
Двајца од деветмината приведени во антикорупциска акција на МВР и ОЈО во неделата се пуштени дома, според сознанија од судот.
Станува збор за двајца приведени гранични полицајци. На едниот му е одземен пасошот, а за другиот нема никакви мерки за претпазливост. За останатите судот се уште одлучува.
За злоупотреба на службена положба во полициска акција на ГП „Табановце“ се приведени командир, заменик командир, раководител на смена, како и шест полицајци.Поради одвивањето на акцијата на граничниот преми имаше неколкучасовен застој и долга колона возила.
При акцијата, била пронајдена кутија со евра, долари, турски лири, швајцарски франци и денари.