Добивај вести на Viber
Комерцијална банка Белград со Европската банка за обнова и развој ЕБРД, потпиша договор за кредит во вредност од 30 милиони евра, со рок на отплата од 5 години и грејс период од 2 години. Кредитот е наменет за мали и средни претпријатија во сопственост на приватни акционери, со максимално 249 вработени и со годишен промет до 50 милиони евра. Кредитните услови ќе бидат поповолни од условите кои моментално се важечки на пазарот, а ќе бидат дефинирани во почетокот на 2013 година, соопштено е од Комерцијална банка.