08 Декември, 2025
0.0319

ЕКСПЛОЗИЈА ОД ПАРИ! Колкава дивиденда ќе подели „Тутунски комбинат Скопје“ по 5 години пост?

Објавено во: Економија 07 Јули, 2017 07:26

Добивај вести на Viber

По пост од пет години најголемиот македонски производител на цигари „Тутунски комбинат Скопје“ ќе подели 13,28 милиони евра дивиденда на своите акционери. Компанијата за пет години од 2011 до 2016 година остварила нето добивка во вкупен износ од 62,2 милиони евра! Дури 13,16 милиони евра дивиденда ќе оди на сметката на најголемиот акционер „Империјал тобако“, а во земјава ќе останат околу 120.000 евра на сметки на домашните акционери

Тутунски комбинат Скопје, дел од светската тутунска групација Империјал тобако, за 2016 година ќе исплати околу 13,28 милиони денари дивиденда и ова е прв пат во период од 2011 година досега компанијата да исплаќа дивиденда на своите акционери, пишува во официјалните податоци на „Империјал тобако ТКС“ достапни на сајтот на Македонската берза за хартии од вредност.

Според официјалните достапни податоци за 2016 година скопската тутунска компанија, која произведува 6 бренда цигари и држи 60 отсто од македонскиот пазар, ќе подели по 997 денари дивиденда за секоја своја акција. Компанијата ќе дели дивиденда и од акумулирана добивка затоа што добивката за 2016 година изнесува 378 денари по акција, а дивидендата од неа е повисока за 619 денари. Според официјалните податоци Тутунски комбинат Скопје не делел дивиденда од 2011 година до 2015 година (години за кои се јавно достапни официјални податоци) иако секоја од овие години ја завршувал со добивка.

Добивката на ТКС за шест години е 62 милиони евра!

Според официјалните податоци најголема добивка ТКС имал во 2011 година и таа изнесува 17,3 милиони евра и е 28,5 отсто од приходите на компанијата. Во овој период најмала добивка имало во 2014 година и таа изнесува 4,17 милиони денари и е 9,9 отсто од приходите. Во периодот од 2011 до 2016 година ТКС имал приходи во износ од 301,5 милиони евра. Најголем приход компанијата имала во 2011 година и тие изнесувале над 60 милиони евра. Лани биле најмали во овој период и изнесувале 38,65 милиони евра.

Империал тобако на групациско ниво традиционално купува македонски тутун. Во 2016 година откупени се вкупно 1.924 тони, од кои дел се користат во производството на брендовите произведени во Македонија. Во 2017 година се планира зголемување на откупените количества македонски тутун за 8,7 отсто.

Во Империал тобако ТКС Скопје приближно 200 вработени произведуваат шест брендови цигари за домашниот пазар, од кои еден годинава слави 30 години на пазарот, кој истовремено има 30 отсто пазарен удел. Брендовите на Империал тобако во моментов имаат околу 60 отсто удел на македонскиот пазар.

Империал тобако ТКС Скопје до 2017 година вложил 33 милиони евра со кои е модернизиран производниот процес, воведени се високи стандарди и зголемен е капацитетот на производство.Компанијата е најголем производител на пазарот, при што извезува 42,6 отсто од вкупното производство, и тоа во Русија и на пет пазари во регионот – Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Албанија.

„Империјал Тобако“ го купи Тутунски комбинат Скопје во 2002 година.

Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна

Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна

Макрон се закани со нови царини за Кина

Макрон се закани со нови царини за Кина

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Милијарди на хартија, но каде се парите?