23 Ноември, 2024
0.0281

Eлена Пренџова: Oпштеството никогаш не престанало да има предрасуди во однос на жената

Објавено во: Македонија 08 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Дека жените треба да се борат за своите права и еднаквост, кај нас и во светот, на Меѓународниот ден на жената 8 – ми март, го потврдува и поетесата, слемерка и феминистка Елена Пренџова. Таа вели дека и ден денес има етикетирање на жените насекаде, зависно од тоа дали се во брак или не, дали се вработени или не  и слично. Со Пренџова разговараме за улогата на жената во општеството, но и во книжевниот свет.

Фактор: Во пресрет на 8-ми март,  каде ја гледате положбата на жената во македонското општество?

Моменталната положба на жената во македонското општество ја гледам како тенка линија на која истовремено чекорат бабите на бабите на мојата генерација жени, но и ќерките на ќерките на жените од мојата генерација, само што едните повешто балансираат (народот вели си легнале на брашното), а другите мака мачат да ја изодат линијата до крај без да се вплеткаат во неа или да се слизнат од неа (народот вели не им иде паметот). Во секој случај сакам да потенцирам дека, за жал, промените на статусот на жените во секое едно општество се реализираат споро, неосетно споро за еден човечки живот и многу, многу макотрпно и пропратено со многу омаловажувања, исмејувања и вознемирувања од страна на машките принципи чии спроведувачи се и жените и мажите. Во едно минато интервју изјавив дека сè додека на женскиот принцип му се става цена, а на машкиот принцип вредност, никогаш нема да ја постигнеме родовата рамноправност. Знаете, ние сè уште живееме во општество во кое мажите го дебатираат очигледното – дека мажите и жените не се исти – а зарем треба да бидат исти? И дали „исти“ е синоним на „еднакви“, особено во правно-законодавна смисла?!

Фактор: Има ли предрасуди и стереотипи во нашето општество во однос на жената?

Не само нашето, туку глобалното општество никогаш не престанало да има предрасуди и стереотипи во однос на жената! Некои општества негуваат посилни, порадикални, некои поблаги, затскриени стереотипи кон жените, но сите општества, без разлика колку се напреднати и модерни, се далеку од тоа да се сметаат за рај на земјата за жените. Сепак, глобалната поп култура, па и секоја традиција претставуваат, култура/традиција на насилство врз жената, вклучувајќи го и насилството на стереотипите и предрасудите. Навистина, со тек на време некои предрасуди и стереотипи бледееле/бледеат, сепак некои, за жал, се зацврстуваат. Во едно претходно интервју изјавив дека секоја немажена и невработена жена постара од 30 години и нереализирана како мајка е веќе етикетирана од страна на општеството, а етикетите не се ништо друго освен артикулирани и вербализирани предрасуди и стереотипи. Всушност, постојат три основни стереотипи на жената во глобалното патријалхално општество: стереотипот на улогата на мајка, стереотипот на улогата на курва (да, искажано токму така, без никакви еуфемизми и политички коректни термини) и стереотипот на улогата на слугинка, сите улоги ставени во служба на мажот. Предрасудите се јавуваат кога жената одбива да ги исполнува овие три улоги, или некоја од трите, или, пак, кога не ги исполнува според однапред зададените и замислени стандарди и очекувања.

Фактор: Каде е жената во книжевниот свет од кој сте дел и вие како автор? Во минатото доминирале мажи во светот на писателите, но дали денес состојбата е променета?

Жената во книжевниот свет била, е и ќе биде објектот на инспирацијата на поетот маж. Жената во книжевноста е во белините на маргините, во тесните прореди на меѓуредијата, во обезгласените премолчени зборови, во биографиите на мажите автори и во акростишијата на поезијата на поетите мажи. Ако истакнеме дека во денешно време има многу малку жени авторки застапено во антологиите и институционализираната литература во споредба со реалната бројка на постоечки, присутни на современата сцена, во споредба со минатото кога малиот процент на застапеност на жените авторки кореспондирал со малиот процент на реалната присутност на писателките жени на литератураната сцена – самите направете ја математиката – дали навистина денес состојбата е променета?! Секако да не ја заборавиме и позитивната дискриминација, според која жените писателки и поетеси најчесто учествуваат на книжевни фестивали поради исполнување на одредени пресметки на родова рамноправна застапеност и квоти за маргинализирани групи (а женскиот пол и феминизираниот род СЕ маргинализирани општествени групи), но и кога највеќе простор за настап им се дава на настани поврзани со Денот на жената и сл.

Фактор: Има ли спој на феминизмот и женското писмо?

Како не, женското писмо како книжевна стилска одредница е длабоко вкоренето во феминизмот, првенствено, како општествено, а потоа и како идеолошко-филозофско движење. Всушност, и феминизмот и женското писмо претставуваат свесност за женскоста и женското и желба и борба за издвојување од машката норматива преку отклонување од негативниот пол на дихотомијата и имплицитната хиерархија според којамашкиот норматив се наметнува како позитивен, пожелен и привилигиран пол (овде не мислам на биолошкиот пол, туку на двата крајни пола од поларизираната дихотомија).

Фактор: Неодамна ја промовиравте „Мини прирачник за поезија“. Што е следното што можеме да очекуваме од вас?

„Мини прирачник за поезија“ е мојата прва книга научно-популарни есеи и размисли за поезијата. Имаше и мини промотивна турнеја низ Република Македонија (во Скопје, Прилеп, Битола и Куманово). Моментално книгата е достапна во книжарниците на издавачката куќа „Матица македонска“. Исто така, ја користам приликава јавно да ги повикам сите оние кои ми помогнаа да ја објавам книгата да ме контактираат за да им ги дадам примероците за кои си се „претплатија“ со „припејд“ – начинот на кој ги собирав средствата за печатење, преку фандрејзинг, односно однапред групно собирање средства. А следното што може да се очекува од мене е, секако, поезија.

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР