ЕПИЦЕНТАР НА ЗАРАЗАТА: Град во Турција го доби епитетот „Вухан“
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 24 Април, 2020
Градот Истанбул властите во земјата го нарекоа „турскиот Вухан“.
Mинистерoт за здравство Фахрет Коца, го спореди Истанбул со кинескиот град Вухан во кој започна епидемијата со коронавирусот.
Истанбул е епицентар на заразата.
Министерот вели дека ширењето на „Ковид-19“ во тој град е ставено под контрола со следење на контакти што ги прави тим од експерти.
„Тие ги следат трагите како медицински детективи“, рече Коца, додавајќи дека во спротивно би било тешко да се задржи вирусот, пренесува АП.
Во Турција се потврдени 101.790 случаи на коронавирус, а починале 2.491 луѓе.
Откако починаа над 1.000 луѓе, Турција го врати полицискиот час.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека нормалниот живот во Турција ќе се врати во јуни.
Во меѓувреме, и Кинезите имаат „нов Вухан“.
Кинеските власти вчера наредија целосна изолација на градот Харбин на границата со Русија.