Добивај вести на Viber
Полицијата речиси половина ден го држеше професорот и поранешен декан на Економскиот факултет при УКИМ, Бобек Шуклев. Инспекторите вршеле претрес во кабинетот на Шуклев, во потрага по докази за сомневањата дека примал мито и ја злоупотребувал неговата службена положба. Беше извршен претрес и во неговото возило, а претресот продолжува и во кабинетите на Факултетот. Во акцијата „Еразмус“ неофицијално осомничени се уште седум лица кои се товарат за злоупотреба на службената положба и примање поткуп.
Од МВР потврдија дека покрај професорот Шуклев се истражуваат уште седдумина. Шест се професори на факултетот, и предаваат математика, менаџмент, статистика и сметководство. Еден од професорите е и член на МАНУ. Станува звор за професорите со иницијали Д.Ј. , С.Р. , Т.Ф. , И.Ј , С.Д. , .Б.Ш. Покрај нив за злоупотреба на службената положба и за примање поткуп осомничени се и еден асистент на факултетот, како и сопственик на познат угостителски објект во Скопје кој стопанисува и со факултетското бифе. Со иницијали Д.Т. и Д.Д. велат полициски извори.
„Еразмус“ како дефокус од повлекувањето на аболицијата од страна на Иванов?
Штурите информации од полицијата, и речиси неколку часа по веста дека УКИМ е окупиран од полицијата, стаса соопштението од претседателот Иванов дека ја повелкува одлуката за аболиција за сите лица, што пак ја отвори тезата дека оваа полициска акција е практично уште еден спектакл на власта, со која треба да се елиминираат колку толку реакциите по одлуката на Иванов. Многу прашања останаа отворени, зошто речиси половина ден и мета на камерите беше професорот Шуклев?
Дали има сериозни индиции за да биде осомничен за мито и корупција, за злоупотреба на службената положба. Единствениот професорски кабинет од кој доцна во ноќта се гледаше светло на Економскиот факултет бил кабинетот на професорот Бобек Шуклев. Полицијата не кажува што е најдено во багажникот на автомобилот БМВ на поранешниот декан на факултетот и дали во истрагата се употребени и одбележани банкноти.
Малверзации на економски истражуваше обвинителството и во 2007 та година
Уште во 2007 та тогашниот скопски јавен обвинител Стерјо Зиков го чешлаше економскиот факултет, откако државната ревизија утврди повеќе злоупотреби.
Во извештајот за финансиското работење на Економски кое го објави Државниот завод за ревизија, беше констатирано дека во 2005-та факултетот остварил 250.000 евра незаконски приходи, наплатувал и до 4.400 денари за година од студентите. Се спореше и осигурувањето, наместо сите 5.400 студенти по име и презиме, факултетот во „Еуролинк“ осигурал само бројка од 3.500 студенти.
На деканот од Економски и на неговите соработници им се забележуваше и дека истата година реализирале приватни патувања со студентски пари, делеле екстра хонорари по неважечки одлуки. Сите овие обвинувања беа на адреса на актуелниот декан Шуклев, кој со факултетот тогаш раководеше девет години, го туркаше петтиот мандат.
Сепак скопскиот јавен обвинител Стерјо Зиков тогаш изјави дека нема да го гонат раководството на факултетот, бидејќи ценат оти немало кривично дело. Рече, можеби имало прекршоци, но тие биле застарени.
Тогашниот министер за финансии, кој беше дел и од професорскиот тим, немаше категоричен став по ова прашање.
„За ниту една институција, не само за Економскиот факултети не е во ред ако се констатираат значителни прекршоци на законските прописи, во тој случај треба да има објаснување и евентуално, ако се од таков карактер сносење на одговорност“, изјави
Трајко Славевски, тогашен министер за финансии.
Шуклев уште одамна предвиде дека ќе се случи полициска акција на економскиот факултет
Во емисијата „Патот до успехот“ на телевизијата „24 Вести“, снимена во септември 2014-та година, Шуклев зборуваше за подемите и падовите во својата кариера. Тој беше долгогодишен декан на Економскиот факултет во Скопје, дури пет мандати беше продекан и декан.
Прашан за истрагите на економскиот факултет, Шуклев изјави дека очекува притисокот од власта да продолжи. Убеден сум дека работиме чесно и совесно, инспекциите можат да си работат рече Шуклев.
„Ќе издржиме“ изјави тогаш Шуклев. „Знам дека се чека погоден момент, и тие тенденции се оставаат за друго време, но немаме што да криеме“.
Тој во своите настапи ја критикуваше работата на Владата, секогаш одмерувајќи ги зборовите.
Има корупција на факултетите, но студентите не пријавуваат
Во 2013 година истражувањето за перцепција за корупција во високообразовните установи во Македонија, Србија, Хрватска, Молдавија и во Бугарија покажува дека студентите имаат висока перцепција за корупција на нивните факултети, но не се осмелуваат да пријават. Според истражувањето, во Македонија е истакната појавата на непотизам, односно професори што го користат своето влијание во процесот на уписи, студенти што користат познанства при процесот на упис на факултет, професори што даваат повисока оценка на основа на познанство и студенти што користат познанства за да добијат повисока оценка или да положат испит.
На прашањето зошто не пријавуваат корупција, 28 отсто од испитаниците во Македонија одговориле дека не веруваат дека би промениле нешто, додека 21 отсто се плашат од одмазда. Директно искуство кога студентот купува книга од професорот за да добие поголема оценка имале 39 отсто од испитаните студенти. Студентите на УКИМ (66 отсто) се подготвени да пријават професор дека примил поткуп, но само ако пријавувањето е анонимно..
Зошто само Економски факултет?
Ако надлежните институции се решиле да ја средат корупцијата на високообразовните институции, прашањето кое кое го поставува универзитетската фела е: зошто е избран само Економскиот факултет, зошто не е проширена истрагата и на пример на: Правниот, Медицинскиот факултет итн.? Во разговор со голем дел од универзитетските професори, велат дека ова е одмазда на актуелната власт, која не успеа да го заузда „Економски“ од честите критики на професорите за лошите економски владини политики...
Дополнително, оваа владеачката гарнитура Економскиот факултет неформално го третира како опозициски стожер. Токму затоа голем дел од професорите сметаат дека ова е политичка пресметка на власта со неситомислениците.. Секако истрагата треба да покаже дали има реален криминал во работењето.
„ВМРО-вски“ професори на факултетите
Многу голема врва се крена во јавноста по се погласните информации дека владата вработува свои кадри на факултетит на УКИМ. Најспецифичен пример беше Правниот факултет, каде изминатиов период работа како професори добија поранешниот вицепремиер за евроинтеграции
Васко Наумовски, поранешните пратеници на ВМРО ДПМНЕ,
Александар Спасеноски и Кристина Рунчева, понатаму поранешната секретарка на сега екс премиерот
Никола Груевски.
Единствено Економскиот факултет остана имун, и не ја избра за асистенката поранешната директорка на Фондот за здравство
Маја Парнаџиева - Змејкова.
Парнаџиева - Змејкова не стана асистент на Економски факултет
Во декември 2012 година, поранешната директорка на Фондот за здравство Маја Парнарџиева - Змејкова и по второто гласање, и тоа јавно, не беше избрана за асистент на Економскиот факултет при Универзитетот „Св, Кирил и Методиј“, на катедрата за економија. Таа, на првата седница на Наставно -научниот Совет на Економски факултет, не беше избрана за асистент по пат на тајно гласање, по што поднела приговор.
Но, на таа седница на Советот биле избрани останатите двајца кандидати кои конкурирале за асистенти на катедрите за менаџмент и за меѓународна трговија. Во меѓувреме, деканот на Економски факултет го прифатил приговорот на Парнарџиева и го поништил конкурсот за избор на асистент на катедрата за економија. На седницата одржана тогаш повторно се гласало, овој пат иако тоа било јавно, Парнаџиева не го доби потребниот број гласови.
Згазена Автономија?
Полицискиот упад во кампусот на УКИМ, за многумина значи директно рушење на автономијата на универзитетот, загарнтирана со Уставот. Вчера, ниту ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, ниту деканот на Економскиот факултет не излегоа со информација за тоа што се случува на УКИМ.
Р.Ф
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.