23 Мај, 2024
0.1614

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија му оддава почит на великанот Гоце Делчев

Објавено во: Македонија 04 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

МАКЕДОНИЈА МУ ОДДАВА ПОЧИТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Гоце Делчев беше лидер на идејата за независна македонска држава којашто ја споделуваа прогресивните сили на целиот тогашен Балкан, а неговите идеали и заложби остануваат и денес наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата како демократска и економски напредна земја, порача премиерот Димитар Ковачевски по повод 119 годишнината од смртта на македонскиот револуционер.


Гоце Делчев припаѓа на македонскиот народ и поврзан е со нашиот генетски код, вели историчарот Митко Панов. 

Тој додава дека е тешко да се дефинира Гоце Делчев.

„Тој е вечно неоткриениот за Македонците. Блаже Конески за него рекол дека „тој извира низ интимната ткаеност на македонскиот човек“. Кога ќе ги споредиме неговите поеми, ќе го видиме историскиот континуитет. Како што вели Конески, Делчев е македонскиот син, син на сите, кој што станува легенда. Народот го опевал во песните. Тоа е генерациски завет за сите идни поколенија“, рече Панов во Дневникот на ТВ Сител по повод 119 години од смртта на најголемиот македонски револуционер.

Некои работи кои изгледаат сега чудно, за некое време ќе значат многу за Македонија и граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот историски час во по повод 119 години од смртта на Апостолот Гоце Делчев во организација на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“.

РАЗГОВОРИТЕ НА СОНК И МОН ПРОДОЛЖУВААТ

Заврши денешната рунда преговори на СОНК со МОН, а за в петок се очекуваат конкретни одговори. 

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков, соопшти дека завршила денешната рунда преговори со Министетрството за образование и наука под покровителство на помирувач и дека преговорите ќе продолжат в петок кога очекуваат и конкретни одговори на нивните предлози.

„Сите прашања кои се отворени, врз основа на нашите барања беа дискутирани, анализирани, аргументирани од двете страни“, објави Неделков на Фејсбук.

РУСКИТЕ СИЛИ ГО ГРАНАТИРАА ЛАВОВ

Денеска е 70-ти ден од војната во Украина.

Украинците ги турнаа руските сили на 40 километри источно од Харков

Украинските сили ги потиснаа руските војници на околу 40 километри источно од Харков, објави Институтот за проучување на војната во својот најнов извештај. Воздушен напад врз Лавов, делови од градот без електрична енергија
MAKEДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ИМААТ ИМОТ ВО ДУБАИ

Најновото истражување на норвешката веб-страница Е24 открива дека 45 македонски државјани поседуваат вкупно 55 имоти во Дубаи, во вртедност од 14 милиони евра. Истражувањето кое се базира на „протечени“ содрежи документи во кои е наведен бројот на сопствениците на луксузни вили, станови и фирми во Дубаи.

Од соседството, како што се наведува во истражувањето, помалку од пет државјани на Косово имаат „помалку од пет имоти“, во вредност од еден милион евра. Во вкупна вредност пак од седум милиони долари, 17 државјани на Албанија поседуваат вкупно 19 имоти. Најмногу имоти во Дубаи, од регионот има Србија, вкупно 287 кои се во сопственост на 237 луѓе, а нивната вредност е 74 милиони евра.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Најгорливиот проблем кој произлезе од неколкунеделниот штрајк на СОНК беше неможноста на матурантите да го запазат рокот за полагање на проектната задача кој е дел од Државната матура, заради што побараа продолжување. 

Кинески кредити од 10 милијарди евра за мега инфраструктурни проекти на Западен Балкан. Годишни грантови од 1 до 2 милиони евра. Кина во последните години е се поприсутна во регионот, финансирајќи проекти за кои најчесто нема интерес кај западните банки.

Продолжува трендот на намалување на бројот на работници во индустријата. Последните податоци на Државниот завод за статистика велат дека во месец март во споредба со истиот месец минатата година сме имале намалување на бројот на работници за 1,5 отсто.

У Повер направил убедливо најголем дебаланс при отстапување од најавените (номинираните) и реализираните количества на електрична енергија како снабдувач на слободниот пазар на електрична енергија во 2001. Снабдувачот е познат по тоа што еден од сопствениците е Аријант Џафери, син на поранешниот вицепремиер Муса Џафери.

Ќе почнат ли конечно во земјава директорите на државните институции, но и секретарите, да се избираат затоа што се стручни и професионални, или тоа ќе продолжи да се прави по партиска линија како и досега?

Можеби ќе ве интересира

„ОД КОГА ПОЧНАА ДА НАПЛАЌААТ ЗА ПОСТИРАЊЕ ВО ГРУПИ?“ Администраторка на група бара две илјади денари за две објави дневно 15 дена!

„ОД КОГА ПОЧНАА ДА НАПЛАЌААТ ЗА ПОСТИРАЊЕ ВО ГРУПИ?“ Администраторка на група бара две илјади денари за две објави дневно 15 дена!

МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЈА ДОБИ ПРВАТА ЖЕНА СО ХИЏАБ: Имерлије Салиу од „Вреди“ доби пратенички мандат

МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЈА ДОБИ ПРВАТА ЖЕНА СО ХИЏАБ: Имерлије Салиу од „Вреди“ доби пратенички мандат

ВЕНКО ЌЕ ЈА ВРАЌА СДСМ НА ПОБЕДНИЧКИТЕ ПАТЕКИ: Од симпатизерит и членовите дознал што всушност сакаат од партијата

ВЕНКО ЌЕ ЈА ВРАЌА СДСМ НА ПОБЕДНИЧКИТЕ ПАТЕКИ: Од симпатизерит и членовите дознал што всушност сакаат од партијата

„ВО ЕДНО САГЛАМ ЗДРАВСТВО НЕМА МЕСТО ЗА ТАКВИ ВРАБОТУВАЊА, ТРЕБА ДА ПАДНЕ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО“: Димитров предлага поништување на партиските вработувања

„ВО ЕДНО САГЛАМ ЗДРАВСТВО НЕМА МЕСТО ЗА ТАКВИ ВРАБОТУВАЊА, ТРЕБА ДА ПАДНЕ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО“: Димитров предлага поништување на партиските вработувања

„ГРАЃАНИТЕ ДА УЖИВААТ ВО ЖИВОТОТ“: Мицкоски вели дека доаѓала нова надеж во земјава

„ГРАЃАНИТЕ ДА УЖИВААТ ВО ЖИВОТОТ“: Мицкоски вели дека доаѓала нова надеж во земјава

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ПАРТИЈАТА НА ПАЛЧО ЗА НЕГОВОТО СПРОВЕДУВАЊЕ: Кој и како дозволи информацијата за спровод на Палевски од Шутка до Судот да биде пробиена?

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ПАРТИЈАТА НА ПАЛЧО ЗА НЕГОВОТО СПРОВЕДУВАЊЕ: Кој и како дозволи информацијата за спровод на Палевски од Шутка до Судот да биде пробиена?

ШТО ТОЛКУ НЕПРИЈАТНО МИРИСАЛО ВО ВИЛА ВОДНО ШТО ЈА НАТЕРАЛО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ДА ПРОВЕТРУВА? Силјановска Давкова ги отворила сите прозори- биле затворени заради безбедност

ШТО ТОЛКУ НЕПРИЈАТНО МИРИСАЛО ВО ВИЛА ВОДНО ШТО ЈА НАТЕРАЛО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ДА ПРОВЕТРУВА? Силјановска Давкова ги отворила сите прозори- биле затворени заради безбедност

НЕВРЕМЕ ВЧЕРА „УТЕПА“ ДЕЛОВИ ОД РАДОВИШКО И КОЧАНСКО: Попоски објави видео од градот што паѓаше, а ја објави и викенд прогнозата

НЕВРЕМЕ ВЧЕРА „УТЕПА“ ДЕЛОВИ ОД РАДОВИШКО И КОЧАНСКО: Попоски објави видео од градот што паѓаше, а ја објави и викенд прогнозата

ХАСАНИ ОД „ВРЕДИ“: Со гласањето во Ларце го добивме 14-тиот пратеник

ХАСАНИ ОД „ВРЕДИ“: Со гласањето во Ларце го добивме 14-тиот пратеник