20 Мај, 2024
0.0251

„Филип Морис“ во стратешко партнерство со Тутунски комбинат – Прилеп

Објавено во: Агробизнис 17 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Американскиот тутунски гигант „Филип Морис“ ги заврши преговорите за стратешко партнерство со Тутунски комбинат - Прилеп, а договорот треба да се потпише веднаш по изборите. Согласно објавените услови, партнерството ќе се одвива преку формирање ново друштво со ограничена одговорност (ДОО) во кое „Филип Морис Интернешенал менаџмент“ ќе има учество од 51 процент во капиталот, а Тутунски комбинат -Прилеп 49 проценти. Оваа фирма ќе биде одговорна за производство, дистрибуција, промоција и продажба на брендовите од заедничкото портфолио на домашниот пазар. Дополнително со договорот се обезбедува директен пласман на значителни количини македонски ориентален тутун за потребите на „Филип Морис“, тврдат од компанијата. „Во име на компанијата „Филип Морис“ можам да потврдам дека за нас стратешкото партнерство со Тутунски комбинат од Прилеп претставува можност за унапредување на работата на компанијата во кластерот од Југоисточна Европа“, изјави Маја Шотра, претставник на „Филип Морис“. Преговорите за стратешко партнерство траеле неколку месеци. Ова е вторпат како се најавува партнерство меѓу прилепскиот тутунски комбинат и светскиот гигант. Претходно истото беше објавено и лани во август, кога раководството на Комбинатот тврдеше дека договорот со „Филип Морис“ е потпишан, но без да објави повеќе детали од него. Еден месец подоцна беше објавено дека технолози на „Филип Морис“ ја посетиле македонската фабрика за да ја скенираат состојбата и да ги отпочнат постапките на имплементација на договореното стратешко партнерство. Не е познато зошто тој договор се изјалови. Во јануари годинава „Филип Морис“ отвори свои канцеларии во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?