Филипче: Бизнис не, политика можеби
Објавено во: Македонија 25 Декември, 2022
Поранешникот министер за здравство Венко Филипче се врати на редовна работа на Клиниката за неврохирургија и на Медицинскиот факултет во Скопје, но во исто време постојано го придружува поранешниот премиер Зоран Заев на сите настани.
Филипче во изјава за „Фокус“ тврди дека не планираат заеднички бизнис со Заев, но не ја исклучува можноста да се врати во политиката.
-Нека биде политичка изјава тоа дека сѐ уште се чувствувам млад – вели Филиче во кусата изјава за „Фокус“.
Заминувањето на Заев од Владата, СДСМ и политиката, повлече и други функционери да го сторат истото.