Фото: Гореше трска во Охрид кај каналот Билјанини извори
Објавено во: Македонија 15 Април, 2017
Во близина на каналот Билјанини извори покрај шеталиштето се прошири оган кој ги зафати трските од плажите кои се наоѓаат во близина на Охридското езеро. Веднаш беше повикана противпожарната служба на Охрид која интервенираше и по еден час целосно се справи со пламените јазици.
Овој инцидент не ги спречи бројните гости да уживаат во празничното велигденско расположение. Охрид овој викенд има голем број на туристи кои тука ќе го прослават Велигден.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.