Ова е најскапиот дом кој во моментов се наоѓа на продажба во Сиднеј, Австралија. Имотот познат како "Mandalay" е проценет на 58.5 милиони долари.
Куќата е во сопственост на Вилијам Веб, поранешен извршен директор на тутунска компанија и на неговата сопруга, пишува „The Herald Sun“ . Двојката ја купила оваа куќа во 2004 година за 20 милиони долари. Куќата располага со пет спални соби, шест бањи, и околу 2 000 метри квадратни простор за живеење.
Агентот за недвижности Кевин Велан за „The Herald Sun“ изјави дека очекува некој богат кинески купувач да го грабне имотот.
Еве неколку фотографии од најскапата куќа во Сиднеј.
Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“
ВО СУПЕРМАРКЕТИ, АПТЕКИ И ДРУГИ ПРОДАВНИЦИ ВО ГРЦИЈА, НЕ Е ДОЗВОЛЕНО ДА СЕ ОДИ ВО КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ: Ако ги почитувате овие правила, нема да ги налутите сопствениците