25 Мај, 2024
0.0320

(ФОТО) Прво видео од авионската несреќа во Етиопија: Загинал Србин, словачки политичар го загуби семејството

Објавено во: Свет 10 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Како што се гледа на објавената видео снимка, остатоци од урнатиот авион на компанија Етиопиан ерлајнс се расфрлани по местото на несреќата додека екипи го пребаруваат теренот.

Во големиот кратер кој настанал во земјата на местото на ударот на боинг 737, има мноштво предмети, делови од летала и лични предмети на 149 загинати патници и 8 членови на екипажот.

-Ударoт и експлозијата а потоа и чадот беа толку силни што не можевме да пријдеме близу. Се изгоре-рекол еден од очевидците, пренесува БиБиСи.

Медиумите од соседна Србија ја пренесоа информацијата дека во авионот кој само 6 минути по полетувањето се урна, бил и Србинот Ѓорге В. (54), а тоа го потврдила и неговата сестра.


Меѓу патниците имало 32 државјани на Кенија, девет од Етиопија, осум од Италија, Кина и САД, седуммина од Велика Британија и Франција, шестмина од Египет, петмина Холанѓани, по четворица од Индија и Словачка, по тројца од Австрија, Шведска и Русија и по двајца државјани на Шпанија, Полска и Израел.

На кобниот лет биле и по еден државјанин од Белгија, Индонезија, Сомалија , Норвешка, Тога, Мозамбик, Руанда, Судан, Уганда и Јемен. Четворица патници имале пасоши на ОН така што нивните државјанства уште не се потврдени.


Како што пренесоа медиумите од светот, меѓу загинатите Французи биле делегати кои се упатиле во Најроби на конференција на ОН за заштита на животната средина, која почнува утре а на таа конференција било најавено учество и на Емануел Макрон.


Словачкиот пратеник Антон Хрнко соопштил дека во оваа стравична несреќа ги загубил сопругата, синот и ќерката.

-Со најдлабока тага ве известувам дека мојата драга сопруга Бланка, син Мартин и ќерка Михаела настрадаа утрово во авионската несреќа кај Адис Абебе-напишал потпретседателот на Словачката национална партија на социјалните мрежи.


Можеби ќе ве интересира

Путин: Нема преговори со Зеленски, му истече мандатот

Путин: Нема преговори со Зеленски, му истече мандатот

Фицо уште е во болница по минатонеделниот атентат

Фицо уште е во болница по минатонеделниот атентат

Две авио-рути над Европа се меѓу најтурбулентните во светот

Две авио-рути над Европа се меѓу најтурбулентните во светот

Иран: Хеликоптерот на Раиси се запалил по удар во планина

Иран: Хеликоптерот на Раиси се запалил по удар во планина

„ШАРЛИ ЕБДО“ СЕ ШЕГУВА СО СМРТТА НА РАИСИ: Господ постои, нè ослободи од мулата

„ШАРЛИ ЕБДО“ СЕ ШЕГУВА СО СМРТТА НА РАИСИ: Господ постои, нè ослободи од мулата

ОВА МЕСТО МУ ПРИПАЃА САМО НА ИЗРАЕЛ: Израелски министер влезе во џамијата Ал Акса

ОВА МЕСТО МУ ПРИПАЃА САМО НА ИЗРАЕЛ: Израелски министер влезе во џамијата Ал Акса

СЀ ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ ЈА ПРИЗНАА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - Израел повлекува амбасадори од Ирска и Норвешка, најавија остри реакции

СЀ ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ ЈА ПРИЗНАА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - Израел повлекува амбасадори од Ирска и Норвешка, најавија остри реакции

ПО ИЛЈАДА ЕВРА ЗА СТУДЕНТИТЕ: Милијардерот Хејл ја продолжи традицијата во Масачусетс

ПО ИЛЈАДА ЕВРА ЗА СТУДЕНТИТЕ: Милијардерот Хејл ја продолжи традицијата во Масачусетс

НОРВЕШКА ЈА ПРИЗНАВА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - не е единствена, остра реакција од Израел

НОРВЕШКА ЈА ПРИЗНАВА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - не е единствена, остра реакција од Израел