(ФОТО) Руските воздухопловни сили одржаа тренинг сесија за Парадата на победата
Објавено во: Свет 04 Мај, 2019
Руските воздухопловни сили вежбаат за парадата на
победата која се оддржува секоја година на 9 мај – Денот на победата над
фашизмот. Над небото во Москва, прелетале различни борбени хеликоптери,
стратешки бомбардери Ту-95МСМ и Ту-160, како и група бомбардери Ту-22МЗ и
Су-34, објавија бугарските медиуми. На вежбата за парадата над главниот град во
Русија летале над 74 машини.
Граѓаните и гостите на Москва можеле да го видат
военотранспортниот авион Ил-76, четири борбени авиони МиГ-31, како и авионите Миг-29 и Су-24.
Тренирањето на авијацијата била завршена од група авиони
Су-25, кои ги насликале боите на Русија на небото.
На парадата за победа во Москва на 9 мај, се
очекува над 130 единици да поминат низ Црвениот плоштад, со колона
традиционално предводена од тенкот Т-24-85, симбол на победата. За оваа година е планирано повеќе од 13.600 војници да земат учество на парадата.