(ФОТО+ВИДЕО) ДАЛИ ЗНАЕТЕ: Русите имаат тврдина каде се создадени серуми и важна вакцина
Објавено во: Свет 06 Мај, 2019
Постои руска тврдина каде се создавани лекови и една многу важна вакцина, а за кои светот знае малку.
Тврдината Цар Александар 1 лоцирана на островот Котлин била од голема важност за СССР.
Островот е близу Кронштат, од каде испловил првиот руски параброд, првиот кршач на мраз и првио руски морнар кој го препловил светот.
Островот бил во сопственост на руската армија сè до напуштањето во 1983 година, кога државата престанала да го одржува. Потоа повторно стекнал популарност, особено за забави, а се обезбедил и директен пат дотаму.
До тврдината од 2011 година постојат редовни тури со брод.
Таму се тестирале оружја, се правеле воени и медицински експерименти, а сето тоа било будно надгледувано од руската армија. Се верува и дека се правеле и експерименти врз животни, но и дека тука е развиена една од важните вакцини против чума. Со тоа се спасени милиони животи ширум светот.
На ова место се создадени серуми против колера, тетанус, тифус, шарлах, стрептокока и стафилокока. Островот се протега на 16 квадратни километри и има околу 40.000 жители.