ГАЛЕРИЈА: ВМРО-ДПМНЕ од Тетово и Гостивар најави проекти и победа на 11 декември
Објавено во: Македонија, Галерија 30 Ноември, 2016
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ синоќа одржаа митинг во Гостивар и Тетово од каде кажаа дека ќе работат за отварање на нови работни места и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски рече дека нивната победа е кристално јасна. Тој повторно порача дека најсилната гаранција за завршување на кризата е во добивањето на 63 пратенички места за ВМРО-ДПМНЕ. Груевски и од Тетово го обвини лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека ги распродава државните и националните интереси на Македонија. Влатко Ѓорчев, носител на листа во шестката кажа дека ќе победат затоа што имаат коалиција од 25 партии.
ФОТО: ФАКТОР