21 Мај, 2024
0.0259

ГАЗДИТЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ДРУШТВА ЌЕ МОРА ДА ИМААТ ДОБРА РЕПУТАЦИЈА, влогот порасна на половина милион евра - што носи новиот закон

Објавено во: Финансии 07 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Ограничување на надоместоците кои може да ги наплатува финансиското друштво при одобрување на потрошувачки кредити, зголемување на главнината за основање друштво, како и поседување репутација се дел од измените на Законот за финансиските друштва кој е во Собрание. Пратениците во следниот период треба да ги разгледаат измените на Законот, со кој според надлежните ќе се подобри зашитата на граѓаните, односно на корисниците на нивните услуги.

Измените се носат поради зајакнување на пазарната позиција на финансиските друштва, за да се наметнат стандарди кои треба да ги исполнуваат финансиските друштва.

Основната цел на измените е финансиските друштва да претставуваат институции кои нудат алтернатива на банкарското работење, а не само друштва кои нудат краткорочни кредити преку: зајакување на регулаторната рамка за работење на финансиските друштва; зголемување на заштитата на граѓаните-корисници на кредит, уредување на финансиска активност-факторинг и доуредување на вршењето надзор над финансиските друштва. Основни решенија на закон се: Зголемување на износот на основна главнина за основање на финансиско друштво; Зајакнување на критериумите кои треба да исполнуваат лицата кои имаат намера да основаат финансиско друштво. Ограничување на трошоците на потрошувачките кредити, Усогласување со процесот на дигитализација и Усогласување со Законот за платежни услуги и платни системи... – се наведува во законското решение.

Деталите од Законот откриваат дека на договорите за потрошувачки кредит се применуваат одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, но и дека друштвата веќе нема да може да издаваат кредитни картички.

-  Се врши усогласување со Законот за платежни услуги и платни системи, односно се брише финансиската активност „издавање и администрирање на кредитни картички”. Ова од причина што оваа активност ќе можат да ја вршат само платежни институции основани согласно Законот за платежни услуги и платни системи – се образложува во законот.

Со измената се забранува трговско друштво кое поседува лиценца издадена согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри да биде кредитен посредник на финансиско друштво. Целта е заштита на граѓаните да користат кредити дадени од самите приредувачи на игри на среќа во улога на кредитни посредници заради обложување. Законските измени исто така предвидвуаат зголемување на основната главнина за основање на финансиско друштво од 6.000.000 денари на 30.000.000 денари, односно од 100 илјади на 500 илјади евра.

Се забранува основната главнина и нејзините натамошни зголемувања да потекнуваат од заеми и кредити. Ова е од причина што при основање на финансиските друштва се цени економско финансиската состојба на основачот, па оттука и изворите на средства е потребно да бидат главно сопствени, а не од заеми и кредити – стои во законот.

Привлекува внимание нова одредба, во делот на условите кои треба да ги исполнуваат лицата кои имаат намера да основаат финансиско друштво, каде е предвидено истите да поседуваат репутација. Целта на оваа измена е дополнително зајакнување на критериумите кои треба да исполнуваат лицата кои имаат намера да основаат финансиско друштво.

Измените на законот исто така предвидуваат дека член на орган на управување на финансиско друштво не може да биде лице кое е член на орган на управување на друго финансиско друштво и на давател на финански лизинг.

-  Се зајакнуваат регулаторните барања во делот на органите на управување, односно се уредува дека членот на органот на управување мора да има постојан работен однос во друштвото, а со тоа се ограничува едно лице да може да биде управител на повеќе финансиски друштва во исто време. Дополнително, се уредува дека член на орган на управување на финансиско друштво не може да биде лице кое не поседува репутација со што може да биде загрозено сигурното и стабилното работење на финансиското друштво – стои во законот.

Во случај на барање на согласност за проширување на обемот на финансиски активности, финансиското друштво е должно да достави и интерни процедури за вршење на финансиските активности што планира да ги врши. Истовремено, при промена на сопственичката структура, новиот содружник, односно содружници, не можат да бидат лица кои не поседуваат репутација.

Со цел заштита на корисниците на кредити од високи провизии и надоместоци, со измената се предлага да се воведе ограничување на трошоците за потрошувачки кредити кои ги наплатуваат финансиските друштва кои не влегуваат во пресметката на стапката на вкупни трошоци. Се воведува обврска друштвото јавно да го објави тарифникот со надоместоците кои ги наплатува на својата интернет страница. Финансиските друштва ќе треба да воспостават систем за управување со кредитниот ризик со цел соодветна проценка, следење и управување со изложеноста на кредитното портфолио.

Заклучно со 01 ноември 2022 година, на финансискиот пазар во Макеоднија активно работеле 33 финансиски друштва. Најголемиот број од нив одобруваат потрошувачки кредити на физички лица. 

Петранка Огнаноска

Фото: Фактор

Можеби ќе ве интересира

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома