20 Мај, 2024
0.0393

Георгиевски: Mакедонскиот народ сега е за Гинисовата книга на рекорди по специфични признанија на идентитетот

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Екс премиерот Љубчо Георгиевски ја коментира Резолуцијата на германскиот парламент. 

Тој вели дека Резолуцијата на германскиот парламент за потврдување на македонскиот идентитет, јазик и култура по својот формат, содржина и меѓународна тежина е рамна на онаа на Коминтерната од 1934.

„Вакви акти имаат донесено и Титова Југославија и Димитрова Бугарија, со помала меѓународна тежина, но со конкретна важност за македонскиот народ. За жал на илинденците не им текна тоа да го побараат од османлискиот султан иако тој ги даваше милетите и без востание и без пари. И така македонскиот народ сега е за Гинисовата книга на рекорди по ваков тип на специфични признанија на идентитетот. На пример ни самиот германски народ не може да се пофали со ваков тип на документ, а ниту Англичаните, Французите, Италијанците, а да не ги спомнувам Американците или Канаѓаните. Сега не можам да се начудам на омаловажувањето и игнорирањето на оваа Резолуција од страна на сите оние бранители на македонскиот идентитет. Одеднаш не било важно? Само 5 отсто било тоа??? Изгледа, за навистина да бидеш Македонец е 100 отсто да ги мразиш Бугарите, па макар и на сопствена штета“, пишува Георгиевски на социјалните мрежи. 


Од СДСМ велат дека усвојувањето на Резолуцијата на германскиот Бундестаг е силна поддршка за членството во ЕУ и признание за македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност. Наведуваат дека македонската јавност очекува одговори од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски зошто не направил ништо, зошто не лобирал.

Можеби ќе ве интересира

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа