20 Мај, 2024
0.0265

Глобалното затоплување целосно ќе ги уништи кафето и какаото?!

Објавено во: Агробизнис 24 Март, 2014

Добивај вести на Viber

До 2050 година светот може целосно да остане без кафе и какао, како последица на неповолните временски услови за нивно одгледување кои се резултат на глобалното затоплување, пишува „Хафингтон пост“. Климатските промени имаат огромен ефект врз земјоделството, а семето на кафето потекнува од земјите околу екваторот каде температурата расте побрзо отколку на друго место. Од истите причини, светот би можел да остане и без чоколадо до 2050 година - повеќе од 70 отсто од какаото се произведува во Западна Африка, каде температурите ќе се зголемат во просек за 2,3 степени во следните децении. Цената на какаото и чоколадото наскоро би можела да започне драстично да се зголемува. Но, ова не се единствените земјоделски култури кои го веќе го чувствуваат негативниот ефект од глобалното затоплување. Последиците започнуваат да се чувствуваат и во лозарството - грозјето созрева побрзо и содржи поголеми количества шеќер, помала е бербата на јаболката, крушите, праските и сливите. Од глобалното затоплување загрозени се дури и бананите, но и хмељот кој е основна суровина за производство на пиво.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?