Gorenje OptiBake вградните рерни се совршени за сите љубители на добрата храна и забавните семејни моменти
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2022
Со голем избор на функции кои го подобруваат кулинарското искуство и помагаат да заштедите време, Gorenje OptiBake вградните рерни овозможуваат одлични резултати при готвењето и денови без стрес.
Олеснете го печењето со новите вградни рерни кои се направени подеднакво да им служат искусните готвачи и на почетниците.
OptiBake вградните рерни имаат AutoBake функција, целосно автоматизирани програми за готвење со 22 тестирани рецепти, од кои можете да го изберете оној кој најмногу ви се допаѓа. Во исто време, имаат и функција StepBake, која ги поедноставува фазите на подготовка дозволувајќи им на корисниците рачно да ги приспособат програмите во три чекори од процесот на печење.
Нови рерни за оние кои сакаат да достигнат ново ниво на кулинарски вештини и задоволство.
Комбинацијата на заоблената форма и големиот простор од 77 литри, ќе обезбеди одлични резултати. HomeMade обликот е дизајниран со цел рамномерно да дистрибуира топол воздух низ целата внатрешност на рерната, што секогаш дава совршени резултати. Дополнително, оваа функција придонесува за печење на неколку нивоа, бидејќи Gorenje OptiBake ја има и функцијата за печење повеќенивоа со која можете да печете до пет јадења во исто време. Опцијата SteamAssist им овозможува на корисниците да вбризгаат пареа за да добијат совршено крцкава кора.
Олеснет почеток на здрав начин на исхрана.
Gorenje OptiBake вградните рерни имаат функција AirFry. Оваа функција ја „пржи“ храната користејќи само топол воздух без да ги менува вкусот и текстурата на храната. На тој начин е полесно да почнете да се храните здраво и со тоа да придонесете за одржување на вашето здравје.
Едноставното чистење овозможува повеќе време за забава.
За лесно чистење и отстранување на нечистотијата, сѐ што треба да направите е да вклучите една од програмите што ги нуди новата OptiBakeвградна рерна од Gorenje. Повеќе не треба да обрнувате внимание на тоа дали сте исчистиле сè совршено, бидејќи чистењето со пиролиза PyroClean користи екстремно високи температури кои ги согоруваат сите остатоци од храна. Исто така, каталитичкото чистење CataClean, во која капакот на вентилаторот ги апсорбира сите маснотии и нечистотии за време на печењето, помага да се одржи рерната чиста. Тука е и функцијата AquaClean, која ги користи придобивките од пареата за да ги омекне сите нечистотии и да овозможи нивно лесно чистење.
Gorenje настојува корисниците да уживаат во слободното време, да го поминуваат со членовите на семејството или да уживаат во нивното хоби. Поради оваа причина, тие можат да ги изберат функциите за самочистење кои најдобро одговараат на нивните потреби при изборот на нивната OptiBake вградна рерна од Gorenje.
Чистењето со пиролиза PyroClean е најефикасен начин кој користи екстремно високи температури за да ги согори остатоците од храна. Каталитичкото чистење CataClean е одличен начин на чистење бидејќи капакот на вентилаторот ги впива маснотиите и нечистотијата што се создале при печењето на храната.
AquaClean нуди одлична помош во чистењето на рерната. Сѐ што треба да направите е да истурите вода во садот за печење и да ја активирате оваа програма за да ги омекнете нечистотиите и маснотиите за да можете лесно и брзо сами да ги избришете.
OptiBakeвградните рерни од Gorenje ќе донесат многу среќни семејни моменти на секој што мисли дека заслужува квалитет и забава. Можете да најдете повеќе информации за овие одлични нови рерни на mk.gorenje.com.
ПР објава