Гори во зградата на „Технометал“ пожарникарите се борат со огнот
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2022
Пожар изби во зградата на „Технометал“ што се наоѓа во центарот на Скопје, на улица Македонија.
Пожарникарите се на терен и интервенираат за гаснење на пожарот.
Станарите од околните згради во 17 часот и 10 минути пријавиле во Бригадата за противпожарната заштита на Град Скопје дека има пожар.„Технометал“- Вардар отиде во стечај во 2019 година. Зградата е изградена во 1980 година и е со површина од 8.000 метри квадратни.