Градежниот институт Македонија ја презема Фабрика Карпош
Објавено во: Економија 18 Август, 2020
Градежниот институт Македонија ќе ја преземе фабриката Карпош АД Скопје. Намерата за преземање е објавена на Македонска берза, а во неа генералниот директор на ГИ Македонија Влатко Иванов ги известува сите акционери на Фабрика Карпош АД.
„ГИ Македонија има намера да објави Понуда за преземање на целното друштво Фабрика Карпош АД Скопје. Барањето за добивање на дозвола за преземање ќе биде поднесено до Комисијата за хартии од вредност во законски предвидениот рок. Понудата за преземање ќе биде објавена веднаш по добивањето на дозвола од страна на Комисијата за хартии од вредност, стои во објавата.
Градежен институт Македонија АД Скопје стана доминантен акционер во фабриката Карпош АД Скопје во 2013 година.