Добивај вести на Viber
По „Кромберг и Шуберт“ , денеска беа ставени темели на уште една странска фабрика во индустриската зона „Жабени“. Станува збор за грчката компанија „Виндор“ од Лерин. Во новиот погон кој треба да вработи 20 лица, ќе се произведуваат алуминиумски и ПВЦ врати и прозорци.
Погонот се прави на површина од 2.500 метри квадратни метри, со површина на објектот од 340 квадрати, а вратите и прозорците ќе се продаваат во земјава.
„Ќе продаваме во Македонија, а ќе извезуваме во Грција. Тешко е, но треба да се инвестира бидејќи ако застанеш, тогаш нема развој“, истакна на свеченоста Костас Мицопулос, основач на „Виндор“.
На ставањето темели беше присутен и битолскиот градоначник Владимир Талески. Тој истакна дека има 28 инвеститори во битолската индустриската зона. Купени се 48 парцели, рече тој, а издадени осум одобренија за градба.
„Продолжуваме успешно да го реализираме концептот за развој на индустриската зона „Жабени“. Грчкиот инвеститор ги знаел поволностите што ги нудат општината и Владата на Република Македонија и одлучи да гради во нашата зона. Наскоро ќе има уште една нова фабрика која ќе се гради во ИЗ „Жабени“, најави Талевски.
Иако во „Жабени“ е продаден поголем дел од земјиштето, засега е изградена само една фабрика, онаа на „Кромберг и Шуберт“. За неа од пари од буџетот беа дадени 1,5 милиони евра, потврди германскиот инвеститор Ханс Ото Кромберг, за решавање на проблемот со високото ниво на подземни води.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.