20 Мај, 2024
0.2882

Гром удрил во рускиот авион кој однесе во смрт четириесетина луѓе

Објавено во: Свет 06 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Рускиот авион кој доживеа несреќа бил „погоден од гром“, а сите преживеани се евакуирани за 55 секунди.

Патниците и екипажот во авионот кој мораше да изврши принудно слетување на московскиот аеродром, велат дека бил погоден од гром непосредно пред да се урне.

Преживеаните раскажуваа како избегале од авионот на „Аерофлот“, кој букна во пламен при слетувањето на аеродромот Шереметјево. Четириесет и еден од 78-те луѓе во авионот загинаа во несреќата.

Меѓу загинатите се и две деца и стјуардеса. Вршителот на должноста гувернер на Мурманск, Андреј Чибис, на Фејсбук објави дека 26 од жртвите биле од неговиот регион.

Модерните авиони се изградени да издржат удар на гром, а рускиот национален авиопревозник само рече дека авионот се вратил на аеродромот од „технички причини“.

Меѓутоа, патниците рекоа дека авионот, кој бил упатен кон северниот руски град Мурманск, бил погоден веднаш по полетувањето.

Неколкумина од петте члена на екипажот исто така изјавија дека поради молњи се загубила комуникацијата со контролата на летање.

На драматичното видео од аеродромските камери се виде дека авионот слетува многу нестабилно, отскокнува на пистата и букнува во пламен.

Таканаречените црни кутии на авионот кои ги снимаат податоците за летот и разговорите во пилотската кабина - наводно, се пронајдени и предадени на истражителите.

Можеби ќе ве интересира

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?