02 Мај, 2024
0.1823

Груевски се фали со нови странски инвестиции додека домашните фирми ги „убива“

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

На секој партиски собир, на лидерот на партијата на власт како навика му стана да се фали со нови странски компании кои решиле да инвестираат токму во Македонија а заедно со нив фалби и за нови работни места .

Токму еден таков говор од екс премиерот Никоал Груевски можевме да слушнеме и вчера на Годишната Конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

1.Чешка голема компанија која се занимава со железнички транспорт и шински возила  донесе одлука да инвестира во Македонија и да вработи најмалку 600 невработени лица.

2.американска компанија влегува на македонскиот пазар отворајќи канцеларија во Битола со план да вработи 300 лица.

3.Словенечка компанија во браунфилд објект во Крива Паланка ќе отвори производство на ранци за деца кои ќе ги пласира на европскиот пазар..Најавени скромни 50 работни места...

4. Американската компанија Амфенол, почнува со градба нов погон за автомобилски делови во Кочани

Ова се четирите странски инвестиции кои Груевски ги најави вчера повикувајќи се на листата на Дуинг бизнис, за тоа колку „е лесно“ да се води бизнис во Македонија.

Да, можеби е лесно, но за оние привилегираните странски компании на кои им се одврзани рацете.

И додека Груевски нив ги велича, домашните компании буквално ги „убива“ со давачки, даноци и што ли уште не.

Ист третман и привилегии побарани многупати досега

Дека домашните компании немаат ист третман како и странските реагираат и стопанските комори. 

Барањата за ослободување на фирмите извознички од давачките за царина и акциза, се нешто на што алудираат постојано бизнисмените од трите најголеми комори .

Домашните фирми не ретко се во сенка на големите од странство кои доаѓаат да инвестираат во Македонија. 

Досега многупати можевме и јавно да слушнеме дека државата ги привилегира странските фирми, дури и кога имаат апсурдни барања, а на домашните ретко им дава олеснувања за развој на бизнисот.

 „Странските инвеститори се привилегирани. Ние го имаме конкретниот пример кога доаѓа некој инвеститор, без разлика колку е тој голем, зашто и малите, во група, стануваат многу поголеми од големиот, а за него на нозе станува целата влада и се обидува да го направи и невозможното за тој инвеститор да биде задоволен со сите ирационални барања што често ги има. Ние не сакаме ирационалност, ние сакаме нешто практично, нешто што е еднакво и нешто што ќе резултира со тоа што подразбира позитивна економска клима за да се прави бизнис, онака како што прокламира владата“, реагираат од бизнис заедницата.

Клучниот аргумент на Владата за политиките за привлекување инвестиции е дека влијаат врз зголемување на извозот, намалување на невработеноста, и врз учеството во бруто-домашниот производ. Од друга страна домашните бизнисмени се чувствуваат дискриминирани во однос на странските инвеститори.  Субенциите за македонските инвеститори не мора да бидат со парични средства, туку прво треба да се  создадат околности каде бизнисмените ќе се чувствуваат сигурни од државните органи а потоа истите многу повеќе ќе бидат ефикасни и конкурентни во меѓународниот пазар, изјави во кратко интервју за Фактор лани, претседателот на Стопанската комора на Северо-западна Македонија.

Ако гледаме низ бројки, тоа изгледа добро бидјеќи имаме покривање на увозот со извоз, но од тој износ странските компании кои ја менуваат и струтурата и волумот на извозот во нашата земја, ги оставаат само платите, и тоа ниските плати на вработeните и воедно ја оптоваруваат буџетската каса бидејќи за тие вработени државата плаќа даноци и придонеси и слично. Стопанската комора на Северо-Западна Македонија има став дека овие политики не се ефективни за економскиот развој на земјата и секако дека не ги дадоа очекуваните резултати.

И економистите со став Владата да се сконцентрира на домашните фирми

Дел од економистите сметаат дека тоа што во земјава во време на длабока политичка криза се промовираат нови странски инвестиции може да е добар политички трик, кој никој не знае колку тоа ќе го чини буџетот на државата.

„Во трката за профит, странскиот капитал се лоцира таму каде што може да смета на максимизирање на профитот. Ние не располагаме со прецизни податоци за поволностите штоима се нудат на странските компании и, доколку со таквите поволности се покрива евентуалниот ризик од политичката нестабилност, немаат причина зошто да не инвестираат во земјава, вели универзитетскиот професор Сами Беслими.

Економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ смета дека во предизборието граѓаните ќе се изнаслушаат секакви ветувања, за се и сешто, па дури и за странските инвестиции, но додава дека реалноста е малку поинаква.

“Реалноста покажува дека во првите 7 месеци оваа година во Македонија влегле околу 170 милиони евра странски директни инвестиции, што е исклучително ниско ниво, т.е. само 10 милиони евра повеќе од истиот период минатата година. Притоа, ниското ниво на странски инвестиции не е само заради политичката криза. Од 2009 година наваму ние постојано имаме странски инвестиции од околу 200 милиони евра годишно. Тоа укажува дека проблемот е многу подлабок, вели Бранимир Јовановиќ, економски истражувач.

Според Јовановиќ просторот за привлекување на странски инвестиции е исцрпен, и владата треба да се фокусира на домашните инвеститори.

Колку на бизнисмените им е лесно водењето бизнис?

Извештајот на Светска банка „Дуинг бизнис“ ја  мери правната, но не и реалната состојба во бизнисот, сметаат дел од економистите. Посочуваат дека рангирањето во извештајот дава добра слика за инвеститорите, но индикаторите мерат повеќе квантитет на спроведени реформи, а не квалитет.

Извештајот на Светска банка „Дуинг бизнис“ го отвори прашањето колку бизнисмените им е лесно водењето бизнис? Во извештајот Македонија е раангирања на 10-то место во светот во однос на леснотијата за водење бизнис и е најдобра од земјите во регионот. Дел од економистите посочуваат дека  условите за водење бизнис се само на хартија, но реланост не е таква. Според Павле Гацов од Здружението на даночни експерти, недостасуват многу работи за да може да се каже навистина во Македонија е лесно да води бизнис, оти тоа што се посочува во извештајот слабо се спроведува на терен.Според Гацов пред треба да се има во предвид деловното опкружување во кое работат фирмите односно патната и железничката инфраструктура, системи за наводнување, квалитетна работна сила.

„Се работи за правна регулатива која што кажува дека постојат закони, прописи и услови во правна смисла да се води бизнис. Но состојбта на терен не е секогаш розова. Пред се еве да кажм во делот на затворање на фирма. Ниту еден извештај не може да ја сподели маката на субјектите што сакаат да ги ликвидират фирмите односно кои што влегле во бизнисот, не знаеле дека ќе биде тешко и сакаат да затворат и се соочувааат со проблем. Од друг страна отворањето на фирма е навистина лесно оти се формализираше до онаа смисла да не треба ништо посебно да се докажува туку да се исполнат во формална смисла условите, да се пријават и да се запишат во Центрлниот регистар зааа многу брзо време. Но сите подоцнежни активности се поврзани со разни форми на бирократија. Секој оној што ќе се обиде да обезбеди градежна дозвола, некакви лиценци ќе се судри со еден ѕид поради во кој што ќе го проколне денот кога го отворил бизнисот.Понатаму не се зема во предвид деловното опкружување, односно климата во која работат фирмите, а тука се лоша правна инфраструктура, лоша бирократска инфраструктура,лоша патна инфрастуктра, даночни решенија кои се поповолни за странските компании, а домашните се оние кои го плаќаат тоа за тие другите да имаат такви бенефици“ изјави неодамна Гацов за фактор.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?