27 Април, 2024
0.0284

ДУИНГ БИЗНИС И РЕАЛНОСТА: Дојдете во Македонија да видите колку е лесно да се води бизнис!

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Колку на бизнисмените им е лесно водењето бизнис?

Извештајот на Светска банка „Дуинг бизнис“ ја  мери правната, но не и реалната состојба во бизнисот, сметаат дел од економистите. Посочуваат дека рангирањето во извештајот дава добра слика за инвеститорите, но индикаторите мерат повеќе квантитет на спроведени реформи, а не квалитет.

Извештајот на Светска банка „Дуинг бизнис“ го отвори прашањето колку бизнисмените им е лесно водењето бизнис? Во извештајот Македонија е раангирања на 10-то место во светот во однос на леснотијата за водење бизнис и е најдобра од земјите во регионот. Дел од економистите посочуваат дека  условите за водење бизнис се само на хартија, но реланост не е таква. Според Павле Гацов од Здружението на даночни експерти, недостасуват многу работи за да може да се каже навистина во Македонија е лесно да води бизнис, оти тоа што се посочува во извештајот слабо се спроведува на терен.Според Гацов пред треба да се има во предвид деловното опкружување во кое работат фирмите односно патната и железничката инфраструктура, системи за наводнување, квалитетна работна сила.

„Се работи за правна регулатива која што кажува дека постојат закони, прописи и услови во правна смисла да се води бизнис. Но состојбта на терен не е секогаш розова. Пред се еве да кажм во делот на затворање на фирма. Ниту еден извештај не може да ја сподели маката на субјектите што сакаат да ги ликвидират фирмите односно кои што влегле во бизнисот, не знаеле дека ќе биде тешко и сакаат да затворат и се соочувааат со проблем. Од друг страна отворањето на фирма е навистина лесно оти се формализираше до онаа смисла да не треба ништо посебно да се докажува туку да се исполнат во формална смисла условите, да се пријават и да се запишат во Центрлниот регистар зааа многу брзо време. Но сите подоцнежни активности се поврзани со разни форми на бирократија. Секој оној што ќе се обиде да обезбеди градежна дозвола, некакви лиценци ќе се судри со еден ѕид поради во кој што ќе го проколне денот кога го отворил бизнисот.Понатаму не се зема во предвид деловното опкружување, односно климата во која работат фирмите, а тука се лоша правна инфраструктура, лоша бирократска инфраструктура,лоша патна инфрастуктра, даночни решенија кои се поповолни за странските компании, а домашните се оние кои го плаќаат тоа за тие другите да имаат такви бенефици“ вели Гацов.

Во делот на условите за водење бизнис, Гацов посочува дека проблем остануваат реформите во судството и постојните измени на законите, што е клучно за водење бизнис.

„Судството е крајна инстанца на секој бизнис како алфа и омега за правна сигурност. Ако немате добро судство ќе немате и правна сигурност дека ако некој не ви плати преку суд ќе ги земете своите пари. Кај нас недостига судство кое што ќе биде заштитник на бизнисот, доверителите и на граѓаните и фирмите пред државата. Оти на крајот државата има алатки и механизми сама да се заштити, а судството требаше да биде заштитиник на бизнисот, вели Гацов. 

Иако во извештајот се посочува дека има напредок во однос наа решавањето на проблемот со неликвидноста, сепак дел од бизнсимените тврдат дека дражавата и натаму останува најголем должник на фирмите.За справување со ликвидноста Македонија е рангирана на 32-то место

„Повратот нa ДДВ не оди баш најдобро кај компаниите кои што имаат поголеми суми не се враќа брзо или се исплаќаат помали суми. Потоа фирмите имаат проблем со плаќање кај достаавувачите и со враќање на кредити во банките“, вели Неби Хоџа, претседател на Стопанската комора на Македонија.

Од друга страна министерот за финансии Кирил Миноски тврди дека нема застој.

„Постојано се манипулира дека има неподмирени обврски застој во исплатата, но тоа е редовна и ефикасно се извршуват обврските“, изјави Миноски.

Светска банка – Признанието е добро, но прашање е дали е доволно

Првиот човек на Светска банка за Македонија Марко Мантованели, во интервју за телевизијaта Алсат – М изјави дека е добро што Македонија доби вакво признание, но треба да се постави прашањето дали е тоа доволно.

„ Дали деловното опкружување се сведува само на леснотијата со која што се отвора бизнис или може да добиете струја, тоа се важни елементи да, но постои елементот на политичката клима, атрактивноста на севкупната економија, макро-економијата и фискалната економија.Сите тие се фактори кои што инвеститорите ги земаат предвид и покрај ранг листата на Дуинг бизнис“, вели Мантовнели.

Дали ниските даноци се единствените давачки?

Македонија е на 4-то место според времето потребно за отворање на бизнис, 11-та е според критериумот добивање градежни дозволи, 29-та според пристапот до енергија, а според регистрацијата на сопственоста 48-ма, 16-ти сме за пристап до кредит, 13 според заштитата на малцинските инвеститори, 9 –ти по критериумот плаќање даноци, 27-ми според условите за прекугранична трговија, 36-ти според исполнувањето на договорите, а според справувањето со неликвидноста Македонија е на 32-рата позиција. Ниските даноци Владата ги истакна како клучни за олсенување на бизнисот. Но што е со останатите давачки со кои се соочуваат бизнисмените?

„Генерално тој што не води бизнис мисли дека сме земја со најниски даноци, но тие што имаат бизнис знаат дека има скриени давачки што не се викаат двачки односно тоа се парафискални даноци кои се со високи износи. Во Македонијаа ако треба да ги наброиме само регулаторните тела ќе ни треба еден поголем список, за сите нив се плаќа по нешто.Понатаму разни форми на општински, концесиони давачки и друго“, вели Гацов.

За власта „Дуинг бизнис“ е признание за реформите

Според Владата извештајот на „Дуинг бизнис“ е признание за спроведените реформи, кои како што најави владиниот тим ќе продолжат и во иднина.

„Благодарение на континуираните реформи и настојувања за постојано подобрување, денес во Македонија се стопанисува побрзо и поевтино во однос на пред десет години или во однос на сегашните процедури во земјите од Европа, централна Азија и ОЕЦД. Така денес во Македонија се плаќа три пати пониска ефективна даночна стапка, три пати побрзо се увезува и извезува стока при што извозот е удвоен и намален е трговскиот дефицит, полесно се пристапува до кредити и многу побргу се решаваат стечајните постапки“, изјави министерот за финансии Кирил Миноски.

Според вицепремиерот Владимир Пешевски, овој извештај е објективен и политички независен.

„Извештајот „Дуинг бизнис“ е најреномиран светски економски извештај и има големо внимание кај светските мултинационални компании. Бизнис климата која ја создадовме ни дава можност за привлекување нови познати компании да инвестираат во земјава, да отвораат нови работни места, да продуцираат нови производи и да го зголемуваат извозот, а со тоа да се подигне и стандардот на граѓаните и економскиот раст на земјата“, изјави Пешевски.

СДСМ- „Дуинг бизнис“ го мери напредокот на легислативата, а не реалните економски показатели

Од опозицискиот СДСМ, велат дека во извештајот се анализираат само нормативните рамки на земјата, односно дека  „Дуинг бизнис“ го мери напредокот на легислативата, а не реалните економски показатели.

„Македонските компании се потиснати во однос на странските. Тоа е очигледно и видливо кога ќе ги видите кои се поволностите што ги имаат странските инвеститори, а ги немаат домашните. Потребна поголема поддршка за малите и средни претпријатија за разлика од сега и во однос на субвенциите на странските компании.Кога немате поволности, не можете да бидете конкурентни. Македонските компании мора да плаќаат придонеси, да плаќаат даноци, од што странците се ослободени. На странските компании повеќе им се исплати да увезуваат производи наместо да ги набавуваат од нашите компании, кои само испорачуваат храна и превоз кон нив. Од друга страна Светска банка пред некое време исто така имаше еден извештај којшто се однесуваше на Македонија. Таму, ако не го гледаме пошироко, ќе видиме дека имаше многу критики пред се на намалувањето на приватните инвестиции и лоши перспективи за наредните години околу растот и развојот“, изјави дополнителниот зменик-министер за финансии од редовите на СДСМ, Кире Наумов.

Европска иницијатива за стабилност (2014 г.) :Има концептуален проблем со начинот на кој земјите се рангирани во „Дуинг бизнис“

Годинава во споредба со лани, Македонија има скок од две места во однос на леснотијата за водење бизнис. Пред две години невладината организација Европска иницијатива за стабилност, направи истражување на економијата во Македонија и рангирањето на „Дуинг бизнис“ за 2013-та година. Во анализата се посочуват сите проблеми со кои се соочува македонската економија нискиот стандард, високата стапка на сиромаштија.

„Очигледно има концептуален проблем со начинот на кој земјите се рангирани во „Дуинг бизнис“. Анализата не зема во предвид многу фактори кои се од клучно значење во одлуката на инвеститорот, меѓу нив се: безбедноста, големината на пазарот, макроекономската стабилност, состојбата на финансискиот систем и нивото на обука и вештини на работната сила. Одредени критични аспекти се изоставени, како што се: сигурност на комунални услуги, цената и достапноста на кредити за фирмите и субвенциите, посочува во анализата  Европска иницијатива за стабилност.

Минатата година меѓународниот неделник „Економист“ даде сериозни забелешки во однос на начинот на рангирање на земјите, и посочи дека поголемиот број од земјите кои високо котираат или имаат брз подем на листата на Дунг бизнис во суштина се сиромашни земји.

Т.С


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра