Хакиран мејлот на СЈО - се гледа преписка со новинари
Објавено во: Македонија 29 Септември, 2016
На Јутјуб вчера се појави видео снимка од 9 минути, на која се гледа електронската преписка на Специјалното јавно обвинителство со новинари и со други лица.
Во дел од мејловите што се прикажани на снимката новинари од повеќе редакции бараат акредитации за прес конференции, а датумите се за периодот ноември - декември 2015 година.
Од СЈО утрово најавија дека ќе испратат официјално соопштение во текот на денот.
СJO потврди дека имале неовластен упад во електронската пошта во декември 2015 година.
СЈО вчера соопшти дека работи нова истрага со наслов „Трезор“ во кој се осомничени четири лица од Управата за безбедност и контраразузнавање и од МВР поради проневера на 862.000 евра при набавка на софистицирана опрема за следење на комуникации од Велика Британија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.