20 Мај, 2024
0.0243

И Македонија пие многу вино, ама Ватикан..!

Објавено во: Агробизнис 06 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Со испиени над 41,5 литри вино по глава на жител годишно, Македонија се наоѓа на високото 7-мо место на листата на држави каде се пие најмногу вино што ја подготви Винскиот институт од Калифорнија. Според мапата изготвена со податоците за 2012 година, Македонците, Хрватите и Словенците пијат најмногу вино на Балканот. Еве кои се првите 20 земји на листата: Сепак, она што најмногу ги фасцинираше истражувачите е лидерската позиција на која се најде Ватикан со неверојатни 73,78 литри по глава на жител. Весникот „Гардијан“ се обидел да одговори како малата државичка населена само со кардинали и свештеници троши речиси двојно повеќе вино од останатите земји во светот. Ова се неколкуте можности што се разгледуваа: - Прослава на изборот на папата Франциско - оваа можност беше отфрлена веднаш како неовозможна бидејќи податоците се од 2012, а папата Франциско беше избран во 2013 година. - Церемонијална употреба на виното за причест  - малку веројатно со оглед на црковните правила кои се однесуваат на виното за причест. - Римјани кои доаѓаат во Ватикан за да купат вино без данок и се враќаат во Рим - исто така малку веројатна можност - Демографија - во Ватикан живеат околу 800 луѓе меѓу кои нема деца - оваа можност се проценува како најверојатна со оглед на тоа што и останатите земји на врвот по потрошувачката на вино, меѓу кои е и Македонија, се исто така мали. Сепак, за истражувачите дефинитивната причина за ваквата љубов меѓу Ватикан и виното се уште останува мистерија. Б.А.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?