Илјадници Каталонци пред изгрејсонце се собраа да гласаат на референдум забранет од Шпанија
Објавено во: Свет 01 Октомври, 2017
Илјадници Каталонци се собраа пред избирачките места утринава, обидувајќи се да им се спротивстават на шпанските власти, така што ќе гласаат на забранетиот референдум за независност, кој создаде стравувања од безредија во богатиот североисточен регион на Шпанија, пренесуваат агенциите.
Референдумот, прогласен за незаконски од страна на централната влада на земјата, ја доведе Шпанија до најтешката уставна криза со децении и ги засили стравувањата од улично насилство како тест за волјата на Мадрид и Барселона.
Граѓанската гарда на Шпанија исто така, направи конвој на улиците на Барселона рано наутро, но во почетокот на денот немаше знаци ниту националната ниту каталонската полиција да се обидува да ги затвори избирачките места. На некои места гласачите ги блокираа вратите во очекување дека полицијата може да се обиде да влезе. Во училиште во Барселона организаторите побараа од луѓето да ги поддржат, ако полицијата интервенира.
„Станав рано, бидејќи мојата земја има потреба од мене", коментира Еулалија Еспинал, 65-годишна пензионерка која чека на ред заедно со уште 100 лица пред едно од избирачките места под дождот во 5 часот утрото. "Не знаеме што ќе се случи но ние мора да бидеме тука.“
Организаторите ги повикаа гласачите да се соберат часови пред отворањето на избирачките места во 9 часот, и посакаа да има "масовни" собири до 7:30 надевајќи се тоа да биде првата слика на денот на референдумот.
Пред тоа шпанската полиција уапси каталонски претставници на власта, заплени флаери од кампањата и запечати околу 2300 училишта, одредени за избирачки места. Исто така, го зазема и комуникацискиот центар на каталонската влада.
Но локалните лидери, поддржани од поддржувачите на независноста, одлучија да не се откажуваат од плановите. Семејствата заземаа голем број училишта назначени како гласачки центри. Тие спиеле таму една ноќ, обидувајќи се да спречат да бидат затворени од страна на полицијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.