20 Мај, 2024
0.0248

Имотот на Версаче намален на 100 милиони долари

Објавено во: Стил 10 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Цената на имотот на починатиот моден дизајнер Џани Версаче во Мајами е намалена за цели 20%, информира „Wall Street Journal“. Имотот, кој излезе на пазарот на недвижности оваа година со првична цена од 125 милиони долари, сега е намален и се продава за 100 милиони долара. Версаче ја купи куќата во 1992 година за 10 милиони долари, а нешто подоцна во неа инвестираше околу 33 милиони долари, додавајќи го јужното крило со површина од 560 квадратни метри, нов базен и слики и препознатливите слики. Куќата има 10 спални и 11 бањи како и прекрасен поглед кон океанот.Имотот го носи името „Casa Casuarina“ , а по смртта на дизајнерот беше трансформирана во хотел. Оваа година за имотот имало околу 15 барања, но со ниту еден купувач не бил постигнат договор.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“