26 Мај, 2024
0.0384

Иницијатива за разрешување на Данела Арсовска како претседателка на ЗЕЛС

Објавено во: Македонија 25 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, најави иницијатива за разрешување на скопската градоначалничка Данела Арсовска како претседателка на наредната седница на управниот одбор на Заедницата на единиците на локални самоуправи.

Според членот на УО на ЗЕЛС, дискусијата е неизбешна, поради како што вели, пасивизацијата на организацијата. Според Ристов, ваквите реакции се оправдани откако се покажа дека годината што изминува беше погубна за општините .

„Најверојатно по Нова година на наредната седница ќе треба да ги отвореме сите овие прашања, да направеме ретроспектива на минатата година. Да ги видеме резултатите,да видеме што сме поставииле како цели и што сме постигнале. И врз основа на тоа ние треба да донесеме соодветна одлука, дали ќе менуваме нешто во управувањето или во пристапот во кој ЗАЕЛС ќе дејствува понатаму“ -изјави Ристов.

Тој додаде дека се дозволила перцепција на општините како непријатели на државата во изминатиот период и дека не се изнашле решенија за други проблеми со кои главно се соочуваат локалните самоуправи.

Без решение, вели тој, останаа проблемите со полагањето на директорските испити, уличното осветлување, распределбата на вкупниот буџет како и непоставувањето на критериуми и механизми за распределба на парите за капитални инвестиции кои во моментот се распределуваат по желба на министрите, а не на граѓаните.

„Ние како управен одбор, учесници на ЗЕЛС не успеавме мината година да мрднеме по ниедна точка. Прво мемерондамот за соработка Владата не сакаше да го потпише…Јас сум апсолутно незадоволен од она што ние како ЗЕЛС го направивме. Општините не добија ништо, напротив изгубивме многу. Упорно се однесуваме како да сме странци. Општините непријатели на државата, тоа го нема во ниеден систем на светот“, дополни Ристов.


Можеби ќе ве интересира

ЈОВАНА МОЈСОСКА: Условно кажано, еден пратеник на Левица вреди 11.000, а на ДУИ 7.200 гласа, така нѐ краде изборниот модел

ЈОВАНА МОЈСОСКА: Условно кажано, еден пратеник на Левица вреди 11.000, а на ДУИ 7.200 гласа, така нѐ краде изборниот модел

„НАШИОТ БОРЕЦ БОШКО ВЕ ПОЗДРАВУВА СИТЕ, СÈ ПОБЛИСКУ СМЕ ДО ЦЕЛТА“ - д-р Лазаров со апел до хуманите граѓани

„НАШИОТ БОРЕЦ БОШКО ВЕ ПОЗДРАВУВА СИТЕ, СÈ ПОБЛИСКУ СМЕ ДО ЦЕЛТА“ - д-р Лазаров со апел до хуманите граѓани

Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ПРОВЕРУВА: Дали има кривично дело во случајот со затворените сали на Клинички

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ПРОВЕРУВА: Дали има кривично дело во случајот со затворените сали на Клинички

„ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ, ДУИ УЧЕСТВУВА СО САМО ОСУМ ПРАТЕНИЦИ“ - Џевдет Хајредини повторно жесток кон партијата

„ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ, ДУИ УЧЕСТВУВА СО САМО ОСУМ ПРАТЕНИЦИ“ - Џевдет Хајредини повторно жесток кон партијата

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес