ИНТЕРВЈУ, ДУШКО МЛЕКАРОТ ОД ГЕРМАНИЈА: Барам СЈО да ги објави моите снимки како бев наместен и толчен!
Објавено во: Агробизнис 23 Октомври, 2016
Фармерот Душко Илиевски, во јавноста познат како
Душко млекарот замина во Германија и бара политички азил. Во интервју за Фактор
вели дека повеќе не може да ги издржи притисоците и очекува да добие азил од
Германија. Душко млекарот на јавноста и е познат по неговите јавни обвинувања
кон сегашната политичка гарнитура. Беше водач на
протестите на земјоделците пред млекарата Свед милк, поради неисплатените пари.
Го предводеше и таканаречениот погребален марш на македонското сточарство кога
низ улиците наместо некролози беа залепени фотографии од Никола Груевски. Пред
неколку години беше уапсен и обвинет дека одгледува марихуана, заедно со
неговиот брат и татко му. По десеттина дена во притвор беа ослободени зашто се
докажа дека не се работело за марихуана, туку за див коноп кој сам никнува на
битолското поле. При секое мое приведување децата мои се потресуваа, страв во
коските им е влезен од полицијата, вели Илиевски во интервју за Фактор.
Фактор: Зошто заминавте во Германија и зошто барате политички азил?
Илиевски: Имам аргументи и докази да побарам политички азил. Уште кога бев во Македонија побарав во американската амбасада, побарав во шведската амбасада и во германската амбасада. Се одлучив да дојдам во Германија. Имав големи притисоци како никогаш до сега, бев приведуван на полноќ во два три ноќта и имав две кривични пријави, една во Битола една во Скопје и уште една во Битола за напад на лице кое него познавам, Небојша Риатич. Секое мое приведување децата мои се потресуваа, страв во коските им е влезен од полицијата. Во среде ноќ да ти влегуваат дома и да те приведуваат по два три пати дневно. Не можев повеќе да издржам да биде мојата фамилија под тортура и затоа ја напуштив Македонија.
Да добијам азил во Германија не би се вратил во Македонија да живеам никогаш. Имам тука пријатели и роднини се снајдов добро и се ми е добро. И ќе побарам јавно Катица Јанева да ги објави моите снимки како бев наместен и прислушкуван цело време. Оти во јавноста само беа објавени снимки од политичари, а од Душко млекарот не беа објавени разговорите како сум наместен со фамилијата. Бев на снимките кој ги имаше претедателот на СДСМ, Зоран Заев кој ми имаше кажано дека ме има на снимките, како сум наместен од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Имам казни преку десет илјади евра што ми се на извршители. Ми се подготвуваше некоја нова хајка, да ме наместат за нешто друго. Во последно време бев фотографиран кај што работам од шефот на обезбедувањето кој ми е сосед кај што живеам и лично се познаваме и тој истиот ме намести за тој конопот за кој бев уапсен. Два дена пред да заминам ми подготвуваа некоја акција да ме уапсат.
Фактор: Пред неколку години бевте уапсен па потоа ослободен, сега повторно спомнувате притисоци, кривични пријави. Се сметате ли за жртва на еден политички режим поради вашите јавни обвинувања против партијата на власт?
Илиевски: Јас се сметам за жртва и бев жртва на ова политичка власт зошто поминав многу премрежја, бев избркан од пазарот, еден куп прекршочни пријави кривични пријави, а најтрагично ми беше кога мојот син на три години беше избркан од градинка бидејќи бил син на Душко млекарот.
Фактор: Имавте ли поддршка од другите земјоделци и каква е сега таа поддршка?
Илиевски: Имав поддршка од другите земјоделци, ширум цела Пелагонија и секаде сум ценет.
Фактор: Се жалевте дека МВР не ви дава пасош, што се случи?
Илиевски: Пасошот го добив благодарение на Уранија Пировска, од Хелсиншкиот комитет, таа реагираше и по еден месец го добив пасошот.
Фактор: Во мај годинава изјавивте дека ги замрзнувате активностите во СДСМ се додека лидер на партијата е Зоран Заев и дека нема да учествувате на протести, оти се чувствувате изигран бидејќи раководството на партијата одбиле да ви ги платат казните од 90.000 денари за прекршочните пријави за протестите. Останувате ли на овој став, се чуствувате ли изневерен, и колку и ова влијаше врз одлуката за азил ?
Иливски: Тоа беше должност да ми ги плати овие казни партијата како што му ги плаќаше на пратениците, а Душко остана сам да се бори и се сам да плаќа и извршителите да тропаат кај мене. Се чувствувам изневерен од ова раководство зошто немав никаква поддршка не ме ни праша некој, не ги интересираше барем некој да ме прашаше дали ми треба помош. Ја имав најголемата поддршка само од Бранко Црвенковски и тогаш од никој не се плашев око не ми трепнуваше. Во 2011 година СДСМ извади четери до пет пратеници на Душко грбот и бев почитуван и ценет тогаш. А сега ова раководство не ме познава и кој што бев и што направив за СДСМ сега излегоа овие големи борци за СДСМ.
Фактор:Ви недостига ли земјоделството, бевте еден од најголемите производители на млеко во битолско?
Илиевски: Бев најголем производител на млеко, а сега сум најголем производител на компир, произведувам ооколу 200 тони, оваа година имав 250 тони компир. Се откажувам од земјоделството комплетно. Гледам дека нема перспектива во земјоделството и која и да дојде власт мислам дека истото ќе биде.
Гледаме дека во Министерсвото за земјоделство нема земјоделци, нема кој да го раководи земјоделството вистински, туку има професори, правници што немат појма во земјоделство и кога видов какво земјоделство има во Германија и како напредува, уште повеќе сум згрозен од земјоделството кај нас. Никогаш нема да го развиеме ние земјоделствот како што треба, поради нестручните кадри што ги имаме во Македонија. Земјоделството во Македонија уште 30 години да се развива нема да се развие оти немаме стручни луѓе. Немам намера да се вратам на овај биснис, и немам намера повеќе да се вратам ниту во Македонија. Земјоделство ниту имало во Македонија ниту ќе има зошто далеку сме ние од Европа.
Фактор: Очекувате ли дека ќе го добиете азилот?
Илиевски: Од Германија очекувам да добијам политички азил, ги имам на број сите докази, имам од американската амбасада дека бев политички затвореник.
Т.С
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.