20 Мај, 2024
0.0329

ИНТЕРВЈУ ТРЕНКОСКИ ОД „ТЕЛАМОН“: Автомобилската индустрија доживеа „земјотрес“, но успешно ги надминавме предизвиците

Објавено во: Економија, Интервјуа 12 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Странските инвестиции во земјава се еден од моторите на македонската економија, и во поглед на силината на извозот и вложувањата, и во поглед на отворањето на работни места. Една од компаниите која својата приказна во Македонија ја стартуваше во 2018 година, американската „Теламон“, успеа прилично силно и здраво да се соочи и да ги премости предизвиците кои го тресат бизнисот во изминатиот период, а особено автомобилската индустрија. За резултатите што ги постигна компанијата визави очекувањата, за проблемите што ги наметна панедмијата, недостигот на полупроводници, војната во Украина и скапите енергенси, Фактор во интервју разгoвара со директорот на „Теламон“, ГеоргиТренкоски.

Како што е познато, седиштето за Европа на компанијата со која раководите, „Теламон“, во земјава беше отворено во 2018 година. Можете ли да ни кажете нешто повеќе за „Теламон“, колкава беше таа инвестиција и со што конкретно се занимава компанијата?

Тренкоски: „Теламон“ е американска компанија, со седиште во државата Индијана, која е глобален лидер во производството на кабелски безбедносни системи во автомобилската индустрија. „Теламон“ ја почна својата активност во Македонија во 2018 година, со само осум оператори на старт. Ние досега имаме инвестирано над пет милиони евра во Македонија. Компанијата вработува над 200 вработени во моментот. Растот е импресивен и ги издржа сите ризици и предизвици - од Ковид-19, недостатокот на полупроводници на светскиот пазар што предизвика драматично менување на курсот на нашата индустрија, зголемувањето на денови на бродски транспорт од далечните континенти, особено од далечна Азија и САД, како и неможноста за директна комуникација со клиентите и колегите од централата.

Дали од денешен аспект можете да кажете дека се реализирани плановите што ги имавте кога беше отворена компанијата?

Тренкоски: Апсолутно можеме да кажеме дека плановите се целосно реализирани.  „Теламон“ ја надмина инвестицијата во пократок рок од превидениот, и она што не прави горди е дека успеавме да не го намалиме бројот на вработените, дури и во услови на откажување или одложување на огромен дел од нарачките. „Теламон“ е исклучително задоволен од растот на компетенциите на вработените, кои за краток период постигнаа одличен раст и ефикасност.

Владата дава финансиска поддршка за странските инвеститори овде, мерка која беше донесена токму со цел да се привлечат странски инвеститори. Дали како компанија сте задоволни од таа поддршка, дали таа се реализира согласно со она што е наведено во Договорот за поддршка, и дали Владата навреме ги исплаќа своите обврски од Договорот?

Тренкоски: „Теламон“ не е дел од Технолошко-индустриски развојните зони (ТИРЗ) и е регистрирана како македонска фирма за слободен промет. Во делот на соработката со владата сме исклучително задоволни, бидејќи навремено и професионално ги извршува своите обврски, и можам да кажам дека имаме отворена врата за двострана комуникација. Особено со кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, г-н Битиќи, г-ца Стојановска.

Како што е познато, автомобилската индустрија во последниов период се соочува со проблеми. Можете ли да ни кажете како овие состојби се рефлектираат врз компанијата и кога се очекува тие да бидат надминати?

Тренкоски: Автомобилската индустрија беше под најголем удар во времето на пандемијата, и сеуште сме во криза. Иако индустријата е унапредена и усовршувана децении наназад, ударите најмногу се почувствуваа во нашата индустрија. Како посебно големи удари, би ги споменал следниве.

Прво, пандемијата на Ковид-19. Продажбата на возила во светот се намали драстично, заради комплетно менување на социјалниот живот, како и работата од дома. Драматично се намалуваа и одлагаа нарачките во индустријата каде договорите се фиксни и стабилни на пет до седум години.

Потоа, недостатокот на полупроводници. Исклучителен удар врз автомобилската индустрија беше недостатокот на репроматеријали во електрониката, а и сами знаете дека во едно модерно возило има стотици електронски сензори и уреди за регулација и контрола. Ние, како компанија која произведува електрични безбедносни системи, директно бевме и сме засегнати со овие промени.  Дојдовме дотаму дел од производителите на возила да испорачуваат возила без сите електронски системи да бидат инсталирани.

И трето, војната во Украина. Водечките производители на возила одлучјија уште во првите неколку недели од војната да ги откажат нарачките од сите производители на кабелски системи во Украина. Секако, тоа предизвика земјотрес на пазарот, и зголемена побарувачка за нашите производи, без никаква претходна најава.

Светот, а особено Европа, се соочува со голема енергетска криза и скапи енергенси. Компаниите во земјава што се на слободен пазар плаќаат екстремно висока цена на струјата. Дали тоа ви создава тешкотии и зголемување на трошоците и дали делумно за тоа вината ја наоѓате кај македонските власти?

Тренкоски: Вината не ја гледаме кај македонските власти, бидејќи ова е феномен во цела Европа. Секако, цената на енергијата кај нас е три пати зголемена од почетокот на војната во Украина. Од колегите во другите фирми дознаваме дека цената на енергијата знае да се зголеми и за пет до шест пати над цената од 2021 година. Секако, тоа предизвикува директно покачување на трошоците на водење бизнис, и е многу тешко да се компензира од нашите клиенти. Сега има мала стабилизација на цените на енергенсите и се надеваме дека тоа ќе продолжи уште посилно. Ние мора да имаме стабилни услови за водење на бизнис, затоа што целата автомобилска индустрија се базира на долгорочни договори и стабилност на цени.

Колку вработени имате и колкави се просечните плати во компанијата? Фирмите во земјава подолг период се жалат дека имаат проблеми со обезбедување на доволно и квалификувана работна сила. Дали вие го имате тој проблем и како го решавате?

Тренкоски: Во Македонија има се помалку работна сила, и тоа предизвикува потешкотии за брзо зголемување на производството. „Теламон“ е во Скопје, а гледаме дека неколку фирми отворија нови погони во ТИРЗ Бунарџик.  Се тоа создава зголемен притисок врз работната сила и покачување на платите во автомобилската индустрија. Ние имаме над 200 вработени, со просечна плата над 500 евра нето. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање