20 Мај, 2024
0.0284

Исламски џихад се закани дека ќе ја спречи Евровизија

Објавено во: Свет 05 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Џихадисти се заканија дека ќе го спречат одржувањето на Песна на Евровизија.

Палестинското движење Исламски џихад од Појасот Газа денеска се закани дека ќе го спречи одржувањето на изборот за Песна на Евровизија, кој почнува за 10 дена во Израел, јави „Тајмс оф Израел“.

„Ќе го спречиме непријателот да успее во одржување на каков било фестивал, чија цел е да му наштети на палестинскиот наратив“, се наведува во соопштението на Исламски џихад. 

Ова е објавено во моментот кога израелските воздухопловни сили започнаа напади врз десетици цели во Појасот Газа, како одговор на тоа што 400 ракети беа истрелани кон територијата на Израел.

Во соопштението стои дека „отпорот мора да реагира на агресијата на непријателот и да го изненади“.

Претходно денеска израелската армија го обвини Исламски џихад за поттикнување на моменталното насилство во Газа и во Израел.

Портпаролката на јавниот радиодифузен сервис Кан – локалниот медиумски партнер во организацијата на Евровизија – се обиде да ги смири загрижените дека избувнувањето на насилствата во Газа ќе влијае на музилкиот фестивал, кој треба да се одржи од 14 до 18 мај.

Таа рече дека организаторите биле во постојан контакт со регионалната команда на израелските одбранбени сили, која не дала никакви специјални наредби поради ескалацијата на насилството во јужниот дел на земјата – далеку од Тел Авив каде се одржува натпреварот.

Учесниците денеска почнаа да пристигнуваат за натпреварот, кој ќе се одржи од 14 до 18 мај. Се очекува манифестацијата да привлече илјадници туристи во Израел.

На југот на Израел, близу Газа, Израелците цела ноќ трчаа кон засолништата додека пресретнувачки ракети ги гаѓаа проектилите на небото. Израелската полиција соопшти дека еден од проектилите истрелан од Газа погодил куќа во градот Ашкелон и убил еден маж.

И Палестинците се криеја во засолништа од израелското бомбардирање на Газа. Палестинскиот „Исламски џихад“ соопшти дека двајца нивни припадници се убиени во изрелскиот напад изведен пред изгрејсонце.

Турција ја повикува меѓународната заедница да реагира на „несразмерните акции“ на Израел во Газа, соопшти турското Министерство за надворешни работи, откако во израелските воздушни напади беше погодена зградата во која се наоѓа турската новинска агенција „Анадолија“.

Можеби ќе ве интересира

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји