20 Мај, 2024
0.0263

Израелци сакаат да инвестираат во Македонија

Објавено во: Агробизнис 01 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Израелската компанија „Бен Дор“ е заинтересирана во Македонија да развива нови сорти овошје. Претставници на компанијата денеска се сретнаа со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и со министерот за странски инвестиции Џери Наумоф. Оваа фирма сака да постави логистички центри за да ги испита можностите и пазарот, а потоа и да започне со сопствено производство на единствени сорти на сливи, круши, кајсии, јаболка и праски. Годишно, во првата фаза, компанијата има намера да произведува по 10.000 тони вакво овошје на пазарот. Израелците оцениле дека Македонија има добра местоположба, а климатските услови се повеќе од поволни за овој бизнис. Имаат намера да отворат и центар за пакување и ладилници во соработка со постоечките производители во државата. Компанијата „Бен Дор“, информира Министерството за земјоделство, во текот на неделата ќе ги посети Демир Капија, Гевгелија, Валандово и Росоман, чиешто поднебје и клима се поволни за одгледување овошје.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?