26 Мај, 2024
0.0285

КАКО И ЗОШТО ДПМНЕ ПРЕКУ СОВЕТОТ ГО ГУШИ ГРАДОТ СКОПЈЕ:Советник на „Левица“ со обвинувања

Објавено во: Македонија 27 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Деновиве на Фејсбук градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев, споделија фејсбук статус на Реџеп Исмаил, кој всушност е советник на „Левица“ во советот на градот Скопје.

Ова е само еден пример КАКО и ЗОШТО дпмне преку Советот го гуши градот Скопје.

Минатата година, по дадена идеја на советничката група на Левица, администрацијата на градот Скопје конечно почна да прави обиди за максимално искористување на капацитетите кои претпријатијата на Градот ги имаат, во насока на давање на услуги за меѓусебните потреби на секое од нив, вклучително и за потребите на Градот како и неговите Јавни (културно-образовани) установи. Тоа е еден вид стратегија за усогласување на потребите и услугите кои претпријатијата можат да си ги дадат меѓу себе без да одат на задоволување на тие потреби преку јавни набавки освен кога тоа е неопходно, односно, доколку нема кој од претпријатијата или Установата да им ја понуди таа услуга. На тој начин, не само што се заштедуваат огромни средства, туку и во голема мера ја намалува можноста од корупција.

Една таква идеја беше спроведена 2022 година, каде Град Скопје донесе одлука да сервисирањето на возилата во сопственост на градот како и основниот сервис на БПЗ возилата да се прават во јавното претпријатије ЈСП. И како пилот прокет тоа помина сосема задоволително. Арно ама, дојде време таква одлука да се донесе и за оваа година, односно за 2023 та година. Одлуката веќе трет пат се наоѓа на дневен ред НО поради „не гласање“ без образложение на советничката група од ДПМНЕ таа не го добива потребното мнозинство.

Она што е ново во однос на оваа седница на Советот е тоа што при расправата по точката за споменатата одлука, на предупредувањето од страна на администрацијата дека ако одлуката не помине ќе се зголеми ризикот од незгода на несервисираните возила, заменик координаторот на ДПМНЕ излезе и лабаво си кажа дека „имате закон за јавни набавки, отворете тендер“?! Со што станува јасно, исто како и во врска со приватните автобуси, зошто на ДПМНЕ не му оди во прилог сервисирањето на возилата да го прави ЈСП па заговара тоа да се прави преку тендер во некоја приватна фирма...

Не знам кој им ја продава таа магла на ДПМНЕ-вците дека националниот идентитет нема врска со економскиот модел. Тоа е една таква фарса што до сега направи страшна штета на македонската држава – дечки, нема национален идентитет во слаба држава, а нема јака држава кога пазарот ги истиснува нејзините институции и претпријатија, особено кога намерно и систематски не се поддржуваат и се истиснуваат јавните капацитети за давање на јавни услуги и притоа уште пак истите се заменуваат преку превземање на таквите услуги од страна на приватни лица – приватниот мајнцет не само што нема интерес за националниот идентитет туку за профит тој прв ќе го пушти низ вода целиот народ: неговиот јазик, идентитет па и традиција, што впрочем и се случи со Македонија“, напиша тој на Фејсбук. 


Можеби ќе ве интересира

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес

ОТКАКО ИЉАЗИ РЕЧЕ ДЕКА Д-Р НИКО Е ОД ВРЕМЕТО НА ДРУЖЕ ТИТО, БЕЌАРОВСКИ РАСПАЛИ: „Цел ден чекам Директорката да ми го честита 25. мај“

ОТКАКО ИЉАЗИ РЕЧЕ ДЕКА Д-Р НИКО Е ОД ВРЕМЕТО НА ДРУЖЕ ТИТО, БЕЌАРОВСКИ РАСПАЛИ: „Цел ден чекам Директорката да ми го честита 25. мај“

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ЌЕ ИСТРАЖУВА ШТО ТОА МИРИСАЛО ВО ХИРУРШКИТЕ САЛИ: Ќе се проверува дали има кривично дело

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ЌЕ ИСТРАЖУВА ШТО ТОА МИРИСАЛО ВО ХИРУРШКИТЕ САЛИ: Ќе се проверува дали има кривично дело

ЕВЕ КАКО СЕ ПРЕМИНУВА БУЛЕВАРОТ КОЧО РАЦИН НАВЕЧЕР: Најдобро да си носите факел да не ве качи некој на хауба

ЕВЕ КАКО СЕ ПРЕМИНУВА БУЛЕВАРОТ КОЧО РАЦИН НАВЕЧЕР: Најдобро да си носите факел да не ве качи некој на хауба

„ТОА УБАВО ЧУВСТВО, КОГА ВО ЕЛЕНСКАТА РЕПУБЛИКА ЌЕ ПРОЧИТАШ НАТПИС -ДОБРЕДОЈДОВТЕ“: Доктор Беќаровски споениот викенд замина во Грција

„ТОА УБАВО ЧУВСТВО, КОГА ВО ЕЛЕНСКАТА РЕПУБЛИКА ЌЕ ПРОЧИТАШ НАТПИС -ДОБРЕДОЈДОВТЕ“: Доктор Беќаровски споениот викенд замина во Грција

„КАКО МОЖЕ ВО ИСТ ДЕН ДА СЕ РАКУВАШ СО ПАПАТА ПА ДА РАЗГОВАРАШ СО ЗЕЛЕНИОТ ЗЕЛЕНСКИ?“ Ванковска за активностите на Силјановска-Давкова

„КАКО МОЖЕ ВО ИСТ ДЕН ДА СЕ РАКУВАШ СО ПАПАТА ПА ДА РАЗГОВАРАШ СО ЗЕЛЕНИОТ ЗЕЛЕНСКИ?“ Ванковска за активностите на Силјановска-Давкова