25 Мај, 2024
0.0254

Како „Јутјуб“ го направи милионер 25-годишниот Швеѓанец?

Објавено во: Стил 05 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

„PewDiePie“ е најбогатата YouTube ѕвезда на планетата. Зад овој псевдоним се крие 25-годишниот Феликс Келберг од Шведска. Веќе неколку години тој заработува милиони долари на YouTube.

Пред неколку дена списанието „Forbes“ го рангираше на прво место на листата најпрофитабилни „YouTube“ ѕвезди за годината.

Минатата година „YouTuber-от“ заработил 12 милиони долари, додека демонстрира како игра игри и коментира во платформата за видео споделување. Благодарение на 40-те милиони фанови и над 10 милијарди гледања, рекламните агенции се подготвени да му платат солидно, за да ги промовира своите производи во својот „YouTube“ канал.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/GLSFXFP_qJ4[/embed]

Келберг лансираше канал во 2010. Во 2014 видео клиповите му се видени 4.1 милијарди пати. Келберг објави своја игра, а минатата недела ја претстави и својата прва книга. Во моментов Келберг ги разгледува следните чекори, како што Лајв стриминг.

Во ваков ранг „Forbes“ вклучува вкупно 10 канали на луѓе, заработени од активности на „YouTube“. Минимумот за влез во листата е 2,5 милиони долари профит пред оданочување во периодот до 1 јуни 2015 година. „YouTube“ ѕвездите се истовремено режисери, продуценти и актери во своите канали. Тие прават пари од нешто што претходните генерации можеа да го сметаат повеќе за игра, отколку работа. Додека некои заработуваат од играње и коментирање на видео игри, тогаш други заработуваат пари преку подготовка на комедии или преку инструкции за шминкање, танцување и др.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/lQz6xhlOt18[/embed]

Генералното помеѓу нив е дека речиси сите се под 30 години, на тој начин тие не ја надминуваат возраста на луѓето кои ги гледаат - генерацијата, претпочитајќи „YouTube“ пред телевизијата.

Повеќето од профитот им доаѓа од рекламите - од спонзорирана, интегрирана содржина и од досадните пропратни реклами кои се појавуваат пред стартување на видеото, наведува „Forbes“. Некои од овие ѕвезди сепак прават први обиди во телевизијата, киното или музичката индустрија. Четворица издале книги, а други имаат свои производни линии.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“