Како расипана плоча - СДСМ пак ќе бегал од избори, тврди власта
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2016
Власта продолжува со „истата песна“ дека СДСМ преку СЈО наметнува нови ислови кои не се предвидени со договорот од Пржино само со цел да ги одложи изборите, но овој пат нема да им дозволат.
- Знаат дека изборот на 11-ти декември да се одбере помеѓу деструктивна политика, шпионирање, нелегални материјали, правење на секакви сопки и изговори и изборот да се одбере стабилна политика, остварувања, проекти, и реална програма може да биде на голема штета на СДСМ, а во интерес на граѓаните на Република Македонија. Затоа СДСМ бара начин како да избега од закажаните избори или како да најде изговор одржаните избори, тие коишто би ги имале да не ги признае како валидни, рече Милошоски на пресот на ВМРО-ДПМНЕ.
Милошевски ги редеше сите флоскули кои интезивно ги користеа во изминатиот период за политичка борба со СДСМ на дневна основа во однос на нивната наводна мала поддршка од избирачите и недовербата, како и немањето изборна програма и квалитетни проекти. Исто така ги одби барањата за итна седница на Собрание на која би се донеле измените кои ги бара СЈО.
Единствената агенда на пратениците на СДСМ, појасни Милошоски, е исполнување на желбите на Катица Јанева, таа која што изјави дека Собранието која што ја избрало е нелегитимно и веројатно со тоа сакаше да предизвика некаков инцидент единствената агенда на Катица Јанева е да превземе дејствија кои што би му помогнале на СДСМ да го наруши високиот и стабилен рејтинг на политичкиот опонент, односно ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.