21 Мај, 2024
0.0266

КАТАЛОНЦИТЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ: Подготвија нова декларација за независност

Објавено во: Свет 22 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Уште еден обид за извојување на независност на Каталонија од Шпанија. Договорена e нова декларација за независност на покраината. 

Партиите „Заедно за Каталонија“, „Каталонска републиканска левица“ и „Кандидатура на народното единство” резолуцијата ќе ја испратат на гласање во каталонскиот Парламент, и ќе ја усвојат затоа што имаат мнозинство. Таа е спротивна на одредбата на Врховниот и Уставниот суд кои со во своите пресуди наведоа дека шпанскиот Устав не дозволува референдум за независност. Претседателот на каталонскиот Парламент Роџер Торент одобри гласање за декларацијата.

Трите партии кои се залагаат за независност на Каталонија, имаат 70 од вкупно 135 места во регионалниот Парламент во Барселона, и тие се согласија за текст на резолуција со која планираат да го продолжат „патот кон самоопределување“.

Декларацијата не е обврзувачки документ, но каталонските заговорници за независност со неа сакаат да покажат дека изјаснувањето на референдумот е волја на народот. Во текстот „се брани правото на самоопределување и суверенитет на народот на Каталонија, да може да ја одреди својата политичка иднина“.

Минатата недела имаше насилни протести во Барселона и други градови, поради луѓето кои го организираа референдумот за независност и добија затворски казни. 

Врховниот суд во Мадрид осуди деветмина каталонски службеници на 9 до 13 години затвор за организирање референдум за независност во 2017 година.

Избеганиот поранешен каталонски лидер Карлес Пуџдемон се предаде на белгиските власти, откако Шпанија издаде нов налог за негово апсење, по изрекувањето на пресудите за неговите колеги кои како него работеа во насока за независност на Каталонија.

Можеби ќе ве интересира

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

ЕВЕ ШТО КАЖА НЕТАНЈАХУ ЗА НАЛОГОТ ЗА АПСЕЊЕ: „Нема да ме спречи“

ЕВЕ ШТО КАЖА НЕТАНЈАХУ ЗА НАЛОГОТ ЗА АПСЕЊЕ: „Нема да ме спречи“

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите