20 Мај, 2024
0.0262

Кинезите знаат како да заработат добро и од компири

Објавено во: Агробизнис 03 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Кинеското село Дапинг во кое живеат 564 жители, годишно произведува дури 3.000 тони компир. Покрај помошта од државата, жителите на Дапинг имаат и специфично семе. Во локалниот агрономски институт, со помош на напредна технологија, се произведува семенски компир ослободен од вируси. Во селото Дапинг, се живее од земјоделство и сточарство. Проблемите им се слични како и на земјоделците во Македонија - сè помалку млади и тешка клима. Не се жалат бидејќи во селото познато по компирот можат да живеат од својата работа, а оние кои сакаат да останат добиваат и поддршка од државата. Таков е случајот и со Ма Чо, која во селото дошла на 23 години кога стапила во брак со својот сопруг. „Овде главно се одгледува компир, ние го одгледуваме од седумдесетите. Тогаш немавме големо производство, а сега произведуваме се повеќе и повеќе“, вели Ма Чо Хуа. Сепак, како што вели таа, голем број од младите заминуваат од селото поради работата во град, а старите и децата остануваат. „Поради тоа на нивата работиме мојот сопруг и јас, а бидејќи моето здравје и не е така добро, мојот сопруг извршува најголем дел од работата“, вели Ма Чо. Покрај помошта од државата, жителите на Дапинг имаат и специфично семе - со помош на напредна технологија, се произведува семенски компир ослободен од вируси, кој дава и поголеми приноси. Јуан Ајмин од Академијата за агрономски науки вели дека се започнува со спојување на семенски компир од иста врста. „Потоа го отсекуваме врвот на компирот и кога ќе се увериме дека на врвот нема вирус, тогаш го класифицираме во посебни садови и под строг надзор“, вели Јуан Ајмин. Ви Шинај, шефот на Академијата за агрономски науки вели дека плантажите со ваков компир се чести. „Таа сорта ја садиме со години, но од 1995 започнавме со зголемување на одгледувањето во оваа област. Преку одгледувањето компири секој може да ги зголеми своите приходи за 600 јуани“, објаснува Ви Шинај. Во областа Дингси, во која припаѓа и селото Дапинг, минатата година бил засаден компир на 21 хектар со принос од пет милиони тони. Во таа област заработката од компир по глава на жител достигнува 830 јуани или 140 долари. Во селото Дапинг, на надморска висина од 2.000 метри, сè е подготвено за садење компир. Тие и оваа година ќе засадат семенски компир ослободен од вирус. К.К.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?