22 Мај, 2024
0.0289

Кисела Вода доби нов зелен пазар

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Во населбата Кисела Вода денеска е пуштен во употреба новиот зелен пазар „Расадник“. Пазарот се наоѓа  на улицата „Франк Харкорд Манинг“, спроти паркот „Македонија“. Околу 40 тезги со настрешници за продажба на земјоделски производи се потставени на  површина од околу 250 метри квадратни. На пуштањето во употреба на пазорот присуствуваа и Градоначалникот на општина Кисела Вода Марјан Ѓорчев и директорот на ЈКП „Комуналец - Кисела Вода“ Дојчин Алексовски.

- Изминатиот период на оваа локација егзистираа неколку тезги за продажба на земјоделски производи, кои не можеа да ги задоволат барањата и потребите на жителите на Кисела Вода за земјоделски производи. Ова е само прва фаза од изградбата на целосниот комплекс на пазарот. Следниот период општината ќе инвестира во нов јавен паркинг од 1.000 метри квадратни и два нови јавни тоалети за сите посетители на зелениот пазар, изјави Ѓорчев.

Во рамки на пазарот има чешма за вода, монтажни тоалети, а обезбеден е и пристап за возилата кои ќе ги доставуваат производите.

- Работното време на пазарот е од 06 до 18 часот во летниот период и од 07 до 17 часот во зимскиот период. Во недела и во државни празници, пазарот ќе работи од 06 до 17 часот, рече Алексовски.

Одржувањето на пазарот ќе биде во надлежност на ЈКП „Комуналец – Кисела Вода“. За изградбата на овој пазар, општината од својот буџет издвои околу 4 милиони денари. Градежните работи ги изведуваше фирмата „Бортас“ од Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази